- Ние сме концентрирани на се што не опкружува, и во овој миг не сме во состојба да се нурнеме во длабоките Божји тајни (да навлеземе длабоко во Божјите тајни). Начинот на нашето размислување е крајно прагматичен и би сакале да му веруваме и да го почитуваме само она што го гледаме.
Но сиот тој видлив свет е само една видлива точка во споредба со невидливиот свет. За да опстане еден народ, а тоа во овие мигови важи особено и за нашиот , треба пред се да биде единствен и во мислите. Само така мисловно соединет во состојба е да го победи далеку посилниот (значително поголемиот) неријател.
Историјата на Стариот Завет не известува (учи) дека во миговите кога Израилот бил соединет, успеал да го победи значително поголемиот (далеку посилниот) непријател. Наспроти тоа штом се одродил од Бога, значи дека се препуштил на раздорот и разединетоста, Филистрејците биле, како некој вид на Божји камшик, кој ја казнувал нивната разединетост.
(Извадок од книгата „Во престер на царството“)
Подготви: Сузана Арбутина