"...Не се гневете заради ситници, „не се гневи на својот брат без причина“ (Матеј 5, 22), и во секојдневните контакти не кажувајте невистини за своите ближни. Тоа се ситници, мали промени; но обидете се да го направите тоа и ќе видите што ќе произлезе од истото.
Тешко е да се молиш ноќе. Пробај наутро. Ако не можете да се молите дома, тогаш барем обидете се додека возите кон работа, разбистрете ги мислите со „Оче наш“ и пуштете ги зборовите на оваа кратка молитва да одекнат во вашето срце. А ноќе, искрено, препуштете се во рацете на небесниот Отец. Ова е навистина лесно.
И давајте, давајќи чаша вода секому кому му е потребна. Дајте им чаша наполнета до врвот со едноставно човечко заедништво на оние кои им недостига наједноставното дружење...
О, чудесен пату на малите работи, химна ти пеат! Препуштете се, луѓе, опашајте се со правење мали добра – со ланесот на малите, едноставни, лесни и добри чувства, кои ништо не чинат, со ланецот на добрите мисли, зборови и дела. Оставете го големото и тешкото. Тоа е за оние кои го сакаат тоа, а не за нас кои сѐ уште не сме научиле да го сакаме големото, и за кое Господ, со Својата неискажлива милост, насекаде посеа љубов, бесплатна како воздухот и водата."- Св. Јован Шангајски
Извор: Весна Смилкова