логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка






5-ти октомври, лето Господово 2014

 

Епископ Велички Методиј

(денес Митрополит Американско- канадски )

metodijvosoboren.jpg

И покрај фактот дека носиме иста човечка природа и дека дури и најфантазмагоричните еволуционистички теории не можат да ја поколебаат кохеренцијата на нашата човештина, сепак секоја историска епоха, секоја генерација, по нешто е особена и има свои болести, свои фаустовски компромиси, конечно, свои фобии. Она што денес сериозно и не без основа му ја тресе душичката на современиот човек е тероризмот. Тој е истовремено показател за моралниот амбис кој зјае меѓу она што сме и она за што сме создадени, без разлика на која страна од линијата на тероризмот всушност припаѓаме. Секоја анти-изам може да биде дури и поголема демагогија од изворниот -изам. Тука, се разбира, не мислам само на оној политичкиот, односно идеолошкиот тероризам, тероризмот (што се гледа) на Си-Ен-Ен, туку и на емотивниот, семејниот, сексуалниот, естетскиот, трговскиот и т.н. Токму затоа најзлогласната и најпежоративната налепница која денес е во употреба со цел да се дисквалификува лојалната (или нелојалната) конкуренција во секој домен на нашето цивилизирано живеење е на некој начин врзана (каузално) за тероризмот.

Во рамките на религиозното искуство, тероризмот, во колоквијалниот дискурс, главно се врзува за два мошне често експлоатирани поима: фундаментализам и фанатизам. И едниот и другиот имаат конфесионална провиниенција, јасно дефинирано становиште и, секако, обата имплицираат извесен антагонизам. Но оваа констатација ни од далеку не значи дека точно знаеме што тие подразбираат, а што е уште поважно, за каков методолошки концепт во рамките на едно религиозно учење се врзуваат и во каква релација се со тероризмот имено.

Прво, ако појдеме од она што го имплицира етимиологијата, тие се противречни уште на ниво на елементарната религиска онтологија. Фундаментализмот подразбира внатрешно-доктринарна иницијатива за постојано враќање кон фундаментот, кон темелот, на основните начела или премиси на определено религиозно учење, па и на одредена идеолошка предлошка генерално. Во таа смисла фундаментализмот значи реафирмирање на древните, архетипските вредности, што на извесен начин е чекорење на назад. Така фундаментализмот, христијанскиот, исламскиот, јудеистичкиот или од било кој друг происход се врзува за конзервативизмот и тадиционалистичките струи или крила во определена верска заедница или конфесија. Фанатизмот, од друга страна, како симптоматично патолошка појава, заговара афирмирање на определена индивидуализирана диопртија на религиозниот систем и тој се пројавува најчесто како коректив или презерватив од аспект на определена историска фаза во развојот на едено религиозно учење или идеологија. Ваквата апсолутизација на една вештачки замрзната фаза во еволуцијата на религиозното учење не само што се претвара во антитеза на изворното учење, туку таа како по правило престанува да функционира како религиозно учење и се претвора во идеолошка матрица без предзнак, подготвена да биде изманипулирана и злоупотребена дури и со најплитки политички или политикантски концепти. Тогаш таа како новокомпонирана конфесија (како псевдо-догма) го изведува својот флеш-бек кон базата, т.е. кон конзументите за вешто испопулизираната анти-религија. Таргет група се токму оние кои и не можат да ја направат разликата помеѓу изворното учење и неговата антитеза. Затоа фанатизмот како религиозна травестија во контекст на христијанската етика, на пример, се дефинира како грев против љубовта кон Бога. Примарно пресуден е контекстот на волјата. Секое религиозно учење почива на авторитетот на божествената волја која е причина и архî на битието, светот, животот, човекот и т.н. Религиозниот или идеолошкиот фанатизам се воспоставува себе си како негација на божествената волја, или преку поистоветување на својата волја со божествената (субституција), или со релативизирање (негирање) на метафизичката волја преку воспоставување на диктатот на некоја идеолошки попревасходна, пооправдана во дадените историски услови, односно поцелисходна волја (дисквалификација). Со други зборови, религиозните вистини задобиваат идолопоклонички, или поточно идеопоклонички димензии.

Но, да се вратиме на феноменот на тероризмот како верување, како конфесија. Оваа многуобразна појава, како акреп од некоја пестротна митологија, го обележува нашето историско битисување особено со два мошне актуелни вида. Патолошките појави никогаш не се еднострани (едноглави). Со сета свест дека сепак немаме доволно добра позиција во смисла на историска дистанца на пример, пред очите ни се диференцираат од една страна фанатизмот на религиозната травестија на определените револуционерни групи, секти, ордени, ложи и редови, а од друга страна фанатизмот на диктатурата на либерализмот, анти-религиозниот анархизам кој на кумирот на човековите права и слободи ги жртвува сите вредносни критериуми и конвенции за кои знае опитот на човековите култури. И едната и другата форма на фанатизам се движечка сила на актуелниот тероризам. Навидум спротивставени тие синергиски го уништуваат секој здрав и продуктивен поредок во светот.

Едната форма се обидува да го ослободи светот по секоја цена, без јасен критериум, всушност плашејќи се од било каков критериум и, што е најстрашно, слепо робувајќи на сопствената непогрешливост и просветеност. Точно е тоа, сî ни е дозволено, но, како што вели светиот апостол Павле, не ни е сî полезно. По приницопт на слепец што води слепи, слободопоклонството постојано ја пречекорува границата на елементарната човечка култура каде личниот либерален став малициозно мора да има форма на бласфемија, карикатурата и пародијата стануваат директна и задолжителна навреда на верувањето и религиозноста на другиот, а јаловата бесловерсност и конформизмот се поттик личното сеирџиство да се проецира во божественото битие.

Другата форма се обидува да го напика светот во калапот на својата искривоколчена верзија на догматизаторска квазирелигија која по правило грубо ја пречекорува линијата на слободата на верувањето и изразувањето на религиозните чувства. Повторно слепци што водат слепи. Слепилото на религиозниот, односно идеолошкиот фанатизам продуцира постојана колизија која за свое единствено чедо го има тероризмот. Тероризмот кој е судир на два типа карикатури од верувања. Тероризмот кој човекот-бомба, автомобилот-бомба, авионот-бомба, народот-бомба, суеверието-бомба ги има за свое сретство, за свој контрааргумент, или за параван зад кој ќе се крие гадоста на еден само поинаков тероризам. Демонското семе на фанатизмот, и оној на слободоумните и оној на квази-религиозните ја осквернуваат светињата на човековата слобода да верува, да се надева и, пред сî, да љуби. Да го љуби ближниот токму заради неговата поинаквост. Затоа што зборува поинаку, затоа што мисли поинаку, затоа што верува поинаку. Во таа љубов нема место за карикирање. Во таа љубов слободата на изразување не се остварува преку навреда на другиот, на ближниот, во што тој и да верува.0


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная