Линк на емисијата:
http://rsm.mk/web/?p=10141
- Драги браќа и сестри, во Христа. Од 15 септеври со почетокот на Црковната нова година на брановите на Радио Слободна Македонија, започна емисијата УТРИНСКИ БЛАГОСЛОВИ што секојдневно се емитува неколк минути пред 7.00 часот како еден позитивен поттик за слушателите тој ден да им започне убаво и благословено со Божји благослов. Емисијата е остварена според идеја на директорката на Радио Слободна Македонија Емилија Гаврилова. Во реализацијата учествуваа новинарот Душко Кралевски во соработка со : презвитер Ивица Тодоров, новинарката Елена Сетинова и тон мајсторите на РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА. На оние што ќе ја чујат УТРИНСКИ БЛАГОСЛОВИ нека им е благословено!
Емисијата трае околу 4 минути, и ги содржи следните рубрики: 1. Вовед, кој ден е денес? 2. Кои светители денес ги чествуваме? 3. Поуки од Светото писмо, 4. Поуки од светите оци, 5. Порака за убав и благословен ден, 6. Утринска молитва 7. Благослов.
Освен УТРИНСКИ БЛАГОСЛОВИ, веќе втора сезона, на Радио Слободна Македонија, секоја недела од 17 до 18 часот оди емисијата ПАТОТ НА ЖИВОТОТ која заеднички ја подготвуваат и уредуваат новинарот Душко Кралевски и презвитер Ивица Тодоров, каде се третираат теми од духовниот живот.
За Преминпортал: Д.К.
26-ти септември, лето Господово 2014