Свети Тихон Задонски - БОГ ПОВИКУВА НА ПОКАЈАНИE
"...Бог ни ветува дека ќе нѐ прими кога ќе се покаеме и дека ќе ни даде прошка на гревовите, но не ни ветува дека ќе го дочекаме утрешниот ден. Насочи го вниманието кон ова, беден грешнику, и не го одложувај покајанието за утрешниот ден. Бог ни заповеда да бидеме секогаш подготвени за заминување од овој свет, па какви што ќе нѐ затекне смртниот час, такви и ќе се појавиме на Божјиот суд. И затоа, каков што сакаш да умреш, таков треба да бидеш и во целиот свој живот. Сакаш ли да умреш, како што умираат набожните христијани? Така треба и да живееш, како што живеат и набожните. Секој човек е Божји слуга, а слугата секогаш треба да биде подготвен, било кога и да го повика неговиот господар кон себе. Така и христијанинот, како Божји слуга, секогаш треба да биде подготвен, кога ќе го повика Бог. А Он го повикува на крајот од својот живот: „Блазе на оние слуги, што ќе ги затече господарот будни“ (Лука 12: 37). А буден е оној, кој се наоѓа во секојдневно покајание…"
По избор на -Весна Смилкова