МПЦО Св.Кирил и Методиј од Дортмунд во своите активности најповеке се труди да им посвети внимание на дечињата-младината кои и се иднината на Црквата.За успешен старт на Учебната година беше организиран Молебен за сите ученици и студенти и пикник забава .
Претесен беше храмот да ги прими сите верници кои од Дортмунд и околината дојдоа на молитва и на св.Причест.Сите деца добија пригодни подароци и благослов за успечна учебна година.
По завршувањето на молебенот во црковниод двор се одржжа мала мини приредба на која најпрвин од грлата на сите присутни се отпеа химната на Р.Македонија ,а потоа неколку дечиња прочитаа македонски песни.
Присутните гости ги поздрави заменик претседателот на ЦО г.Владо Горгиев кој рече:Ви се заблагодарувам што дојдовте во голем број и трудете се почесто да доаѓате во нашиот храм на молитва.Само заедно ке успееме да си ја зачуваме верата Православна.
На присутните со пригодно слово им се обрати и парохискиот свештеник Душко Пецов кој мегу другото рече:Вие дечиња сте силата на една држава и една црква.Вие преку науката Христова ќе израснете во паметни грагани,чесни работници, совесни и грижливи идни родители.Оваа црковна Општина е за сите вас, а нашите раце се широко отворени за сите кои сакаат да допринесуваат за нејзин развој со идеи ,предлози и сугестии.Само сплотени со слога можеме заеднички да успееме.
Во иднина ке се потрудиме со ваша искрена соработка да создадеме младинска секција,веронаука, читање на мМакедонски јазик,цЦрковно пеење,ликовна секција,спорт...
известува- презвитера Анита Пецова