логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 01.jpg

 02.jpg

 Монашење на манастирската слава
28 август/10 септември 2014 лето Господово

Откако се собравме, верни, да го прославиме посредникот меѓу Законот и благодатта, оти тој ни проповедаше покајание, смело и јавно го укори Ирода, и главата му беше отсечена. И сега, живеејќи со ангелите, се моли на Христа да се спасиме.

 (Седален од Утрената)
Монашкиот подвиг и животот на доброволно распетие заради Оној, Кој се распна од љубов за нас, не е лесен крст за носење, но бигорските браќа во тој свој секојдневен подвиг имаат моќен сојузник и силна потпора. Ги имаат благодатта и молитвената закрила на славниот Пророк и Претеча Господов, заштитник на монасите, учителот на пустината, нивниот патрон и молитвеник пред Бога, свети Јован Крстител. Со неговото посредништво секое искушение се отклонува, бремето се олеснува, благодатта безмерно се излева. Така било со векови. Уште од самиот почеток, кога Христовиот Крстител слезе на Радика и благоволи на пустиникот Јован преку чудотворната икона своја да му се објави, ова место за манастир да го благослови и со својата благодат да го освети, па сѐ до денес, Бигорското светилиште е место каде духот негов постојано пребива и своите монашки потомци ги укрепува. Еве сега и нашето монашко братство со неговата сила осенето, неговиот живот на доблесно воздржание го подражава, патот на покајанието што тој ни го покажа ревносно го следи, и нови духовни плодови раѓа. Претечевата, пак, икона, што со смирен сјај блеска на влезот од храмот и со нова благодат и чудеса се украсува, со секој ден сѐ повеќе намерници привлекува. И зарем е чудно тоа што свештената почит кон овој голем пророк во Бигорското светилиште сѐ повеќе расне, и неговиот спомен сѐ поторжествено се слави?

03.jpg

04.jpg

05.jpg

06.jpg

07.jpg

08.jpg
Всушност бигорското славење започна уште претходно. Се зарадува Бигорската обител што на својот возљубен покровител нови три рожби му принесува и со негов благослов пред нозете Христови ги полага. Затоа во манастирот уште од утрото атмосферата е поинаква. Браќата возбудено и со радост ги прават последните подготовки за претстојното торжество. А дворот е веќе преполн со верници. Секој со нетрпение го очекува мигот кога ќе бидат положени монашките завети и новите монаси ќе се причислат кон ангелскиот ред. Најпосле, настапи квечерината и камбаните со своето раскошно празнично биење го означија почетокот на вечерното богослужение. Бигорскиот храм, празнично украсен со цвеќе, се закити и со безброј радосни лица, кои го надополнија торжествениот амбиент. И додека молитвите се вознесуваа кон таинствените височини на бигорското небо, погледите беа упатени кон влезот каде во смирената светлина на свеќите зрачеше ангелската појава на искушениците во своите бели кошули и светнати ликови. Закрилнички прегрнати од татковската љубов и монашката мандија на нашиот христољубив старец, архимандрит Партениј, тие полека се движеа кон олтарот, проследени од умилното пеење на познатата стихира која молитвено Го повикува Бога Отецот да им ги отвори Своите прегратки. А таму, преку раката на нашиот многупочитуван владика, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој го изврши свечениот чин на монашкиот потстриг, се излеа благословот на преблагиот наш Спасител, и низ огнот на благодатта се родија отците: Козма, Михаил и Методиј. И во мислите гледајќи ја светата икона Претечева, со благоговение ги преклонуваа главите пред големиот подвиг на оној, чиј живот беше постојана служба на возвишената правда. Со љубов и ревност ги упатуваа своите молитви кон големиот маченик Христов, во Светото Писмо наречен ангел, кој го подготви патот на нашиот Спасител, молејќи го да им даде силно покајание и огнена вера, за да не се покажат малодушни и колебливи, кога ќе треба да Го исповедаат Христа, и да пострадаат за Божествената правда. Нивните молитви се слеваа со умилните прозби на нивниот старец, кој со вознесен поглед и срдечни воздишки ја привлекуваше кон нив благоста на Господа, просејќи од Него да им ги отвори рајските двери и во своето царство да ги запише имињата нови.


Гледајќи ги овие три земни ангели, новозамонашените Христови војници, монахољубивиот наш владика ги потсети нив на вечниот Претечев повик за покајание, и со своите архипастирски слова ги поучи да му бидат послушни на својот старец, ревносно да работат за полза на целото братство и да бидат достојни служители на човекољубивиот Бог и својот благоверен народ, служејќи ѝ до крај на својата Мајка Црква:

„Во името на Отецот, Синот и Св. Дух. Амин!

  20.jpg


Драги браќа и сестри

  21.jpg

Денеска сме собрани на молитва во овој свет манастир, посветен на св. Јован Крстител. Овој ангел на земјата, нè поучува сите нас. Тој нè учи со неговиот свет, испоснички и подвижнички живот. Го подготвува патот на Господа. Патот Господов е познат, тој е голем и светол. По него врвеле и врват, неизбројни поколенија од најразлични народи, повеќе од 2000 години. Но, и ќе врват сè додека постои и светот и векот. По него, во сите овие минати векови, оделе избрани луѓе и биле осветлувани со спасителната вистина. Посебни луѓе, пак, како свети се искачувале и до Божествените височини. Тоа се многуте светии, богоугодници, пред кои, пак, денес многу богобојазни срца и души, шепотат смирени молитви и прозби.

Патот Господов води и до нашите срца. Но, ние треба да го подготвиме и израмниме, за по него да помине нашиот Спасител Господ Исус Христос. Тој не е рамен. Гревот го обраснува со коров и со разни трња. Не е рамен поради нашата слабост и поради нашата духовна сиромаштија. Многу слабости стојат на нашиот пат, а тој пат е Господов, бидејќи по него Он треба да помине, за да може да се всели во нашите срца и души.

Гласот на оној кој вика во пустината е упатен и кон нас. Ние сме должни да го израмниме патот Господов. Тоа што го кажува св. Јован Крстител на своите современици,  ни го вели и нам денеска: „Секирата веќе лежи при коренот на дрвото: Зашто секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган. Лопатата е во рацете Негови и Он ќе го очисти гумното свое и ќе Си го прибере житото во амбар, а плевата ќе ја изгори со оган што не гасне“ (Мат. 3, 10-12). Да не се залажуваме, како духовно безгрижни, и да се тешиме со лажна утеха, Исус е наш Спасител! Бидејќи знаеме дека Бог и од камења може да издигне чеда на Исуса (Јован 13, 23) и синови на воскресението. Исто онака, како што можеше и од камења да подигне деца на Авраама. Навистина нашиот Спасител Господ Исус Христос дојден е во светот за да нè спаси. Но, ние не треба да Му се противиме. Треба да Му Го подготвиме патот преку вера и благочестив живот, за да дојде и да се всели во нас и да нè спаси.


Дали можеме да го израмниме нашиот пат, па тој да постане Христов пат? Ако сме свесни дека тоа не можеме да го постигнеме, само со нашите сопствени сили, тогаш потребно е да застанеме пред Витаварскиот проповедник св. Јован Крстител, и да ги слушнеме неговите зборови: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе“ (Јован 1, 29). И кога ќе ги слушнеме овие зборови, да појдеме по Него. Тој ќе ги земе нашите гревови, и ќе ни помогне да ги порамниме патиштата на сопствениот живот за да постанат Негови патишта. Нека Божјата милост и благодат, нè осенат сите, па да бидеме секогаш со отворени срца за „гласот на оној што вика во пустината пригответе го патот Господов“.


Почитувани браќа монаси што вечерва ги дадовте монашките завети во оваа света обител - отец Козма, по својот покровител Козма Мајумски, отец Михаил и отец Методиј. Сето претходно кажано се однесува на секоја христијанска душа. Но, овие поуки посебно се упатени кон вас, кои вечерва се одлучивте да го земете ангелскиот  чин. Монаштвото било еден од најсилните столбови на светата православна вера и Црква. Таа мисија и таа задача ја има и современото монаштво. Во св. Евангелие се вели „вие сте солта на земјата“. За да се оствари тоа, потребни се подвизи, послушност, скромност и молитвеност. Подобар пример за сето ова, не можеме да посочиме, отколку светиот Јован Претеча и Крстител Господов. Затоа, потрудете се во вашиот монашки подвиг, израмнете го патот од сите препреки, за да може Господ Христос да се всели во вашите срца и души, па да можете достоинствено да го изодите патот во подвижништво и да послужите за просперитетот и угледот на оваа света обител, на нашата епархија и на целата Македонска Православна Светиклиментова Црква. Вашите монашки имиња, нека ви послужат за радост на ангелите и за пораз на демоните. Амин!“

 09.jpg

  10.jpg

  12.jpg

  13.jpg

 15.jpg

 17.jpg

 18.jpg

 22.jpg

 23.jpg

 24.jpg

 26.jpg

   Извор: Бигорски манастир

Друго;




 

 

 

 Прославен патронот на Бигорската обител (11.09.2014 12:06)

  Блажениот Претеча – тоа е слава Божја, пројавена во светот. Тоа е слава на човештвото, оти сиот негов живот беше прекрасен и славен. Толку столетија минале, а красотата на неговата личност сѐ уште маѓепсува со својата чудесност. Тој е нашиот незамолчлив проповедник на покајанието, учител на вистинското благочестие, ангел на пустината и прв пустиножител, девственик и праобраз на безбрачниот и нестјажателен живот – претеча на монашкиот подвиг. Да, тој е неминлива слава и венец на монашкиот род.

 

 Празничната утрена богослужба и светата архијерејска Литургија во Бигорската духовна сеница во спомен на Усекновението на чесната глава на светиот Јован Претеча, беше навистина достојно на Претечевата слава. Светилиштето на преголемото мнозинство народ, пристигнато тука од сите краишта на Татковината, му го покажуваше својот раскошен празничен лик. Блескаа кандилата, одразувајќи ја со својот сјај небесната убавина, одекнуваа во срцата трогателните песнопенија за славниот и маченички крај на Крстителот, присутните со молитвен занес ги упатуваа кон него своите скромни прозби, барајќи од големиот угодник Божји и жива проповед на покајанието да им помогне да се избават од ропството на страстите, својот ум да го ослободат од налетот на нечистите помисли, и со неговата благодат и сила да го исцелат и утврдат само во Божествените помисли, угодни на Бога. Притоа на своите молитви го придружуваа и радосниот копнеж за Господ да ги посети со огромна благодат новите монаси. Токму затоа, благодатта и радоста се чувствуваше насекаде. Со искрен восхит торжествуваа со нас и нашите ценети архијереи – митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, и митрополитот Европски, г. Пимен, чиешто заедничко сослужување на светата архијерејска Литургија уште повеќе ја зголеми свеченоста на манастирската слава.


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная