логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  01.jpg

 15/28 август 2014 лето Господово,
Успение на Пресвета Богородица

02.jpg

03.jpg

Дојдете сите краишта земни, да го прославиме чесното преселување на Божјата Мајка, бидејќи во рацете на Синот ја положи Својата душа непорочно. Затоа со Нејзиното Успение светот се оживотвори и Ја празнува со псалми, пеења и песни духовни, заедно со бесплотните сили и со апостолите
 (Од Литијните стихири на Празникот)

04.jpg

05.jpg

Какви светлоносни молњи ја осветлуваат оваа прекрасна ноќ! Какви ангелски колони го украсуваат Успението на живоначалната Мајка! Какви боговдахновени слова на апостолите го ублажуваат погребението на Нејзиното богоприемно тело! И како Божественото Слово, Кое од неискажливо милосрдие прими да биде Нејзин Син, служејќи Ѝ на сесветата и Божествена Своја Мајка, сега во Своите царски раце, светата душа Нејзина ја прима! (Св. Јован Дамаскин)

Гледајќи го со очите на душата тоа прекрасно собитие што нѐ исполнува со неискажлива надеж во Спасителовото ветување за вечен живот, благодарно ги упатуваме своите погледи кон Мајката на Животодавецот:

„Ти благодариме Тебе, Најбогоблажена, што со Својот мајчински покров на наднебесна љубов, нашата света обител постојано ја закрилуваш, во времето на испитание нѐ држиш во своите прегратки и поткрепа ни даруваш, а сега, додека стоиме восхитени пред славата на Твоето сечесно Успение, од небесата нѐ благословуваш и со облаци на благодат нѐ покриваш! Ти благодариме, Царице семилосрдна, што оваа преславна ноќ Бигорскиот храм така раскошно го преукраси, од него за себе прекрасен кивот си приготви, па сега Те гледаме положена среде најмирисни цвеќиња, Твоето пречисто тело со свештена почит го целиваме и славното Твое преселување од земјата на небесата со најсвечени стихови го воспеваме“.

06.jpg

07.jpg

Секој празник на Богомајката го радува и собира на молитва големото Бигорско стадо, но оваа ноќ, ноќта на Нејзиното сечесно Успение е како создадена за вакви торжества и умилни пофалби. Безброј срца слеани во една благодарствена молитва, безброј погледи свртени кон цветниот епитаф, каде што среде сплетот од цвеќе симболично лежи Онаа, Која во Себе Го носеше Победителот на смртта, безброј стихови умилно испеани  пред оваа небесна глетка. Навистина е незаборавен овој сеноќен молитвен собор што секоја година привлекува сѐ повеќе души жедни за Бога. Сѐ е поинаку тогаш. Сѐ е обоено со небесниот сјај и славата на Царицата Мајка. И стиховите што торжествено одекнуваат во душата будат радосен трепет, и лицата се светли, како преобразени, и молитвите усрдни, огнени. А словото, пак, на Бигорскиот старец, архимандрит Партениј, слово кое до небесата издигнува и од таму благословот на Богомајката врз присутните свои чеда го привлекува, го отвори патот на созерцание на нашите души, за тие да можат непречено да ја гледаат Онаа што денес во слава кон Божествените живеалишта се вознесува, следена од херувими и серафими и сето ангелско воинство:

„Отци и браќа монаси! Мои најмили духовни чеда и верници! Ве поздравувам со радосниот Празник на Богомајката – Нејзиното сечесно Успение, односно телесно заминување од овој свет. Овој славен ден, според богослужбената традиција и достодолжната почит со која Црквата уште од самите почетоци го воспева, е најголемиот Празник во чест на Преблагословената Богородица и повод за радост и големи торжества. Зашто иако правиме спомен на едно упокојување, Црквата со песнопенијата за овој Празник, всушност, нѐ повикува на голема радост: ‘Во твоето славно Успение, Богоблажена, се радуваат небесата, се зарадуваа и ангелските воинства, а се весели и сета земја, пеејќи Ти надгробна песна’. А и како да не се радуваме кога ние денес не празнуваме упокојување, туку вистинско воскресение.  Преданието ни вели дека Пречистата Богомајка била и телесно вознесена на небесата и дека токму преку апостолот Тома ни се откри оваа прекрасна вест која стана голема надеж за човечкиот род. Како што тој еднаш со своето неверие ни послужи нам, луѓето, да се утврдиме во Христовото Воскресение, така и при Успението на Пресветата Дева Марија, Божјата промисла му одреди да биде оној што ќе ни го открие преселувањето Нејзино со тело на небесата. Имено, апостолот Тома, кој по Божјо допуштение не присуствувал на погребението на Богородица, кога дошол по три дена, со голема тага што не се удостоил да Ја види Мајката на својот Бог, побарал да се отвори гробот, но таму не го нашле Нејзиното пречисто тело. Поинаку и не можеше да биде, оти како би можело да биде задржано во земјата и гробот телото на Онаа, Која беше сместувалиште на несместливиот Бог, палата и кивот на Творецот на сета твар? Кој гроб би можел да го затвори тоа свето и богоприемно тело? Како што смртта не можеше да Го задржи Христа Животодавецот, така не можеше да ја држи во окови и Неговата Пречиста Мајка. Затоа овој празник се нарекува и второ воскресение. Со првото Воскресение, кога Христос нашиот Бог воскресна од мртвите, се отвори патот кон сеопштото воскресение на човечкиот род. А прва Која се удостои да го помине тој пат и со тело да биде вознесена во Божествените обители, беше Неговата Богомајка. Токму затоа денес празнуваме преобразување на смртта, оти со Нејзиното Успение смртта се покажа како заспивање, како краток сон, од кој се будиме во вечноста.

08.jpg

Таму, пак, во вечноста, во Царството на Нејзиниот возљубен Син, како што ни велат светите отци боговидци, ништо не може да се спореди со славата на Небесната Царица, Која била достојно пречекана од сите ангелски воинства и небесни сили. А што е тоа што Ја направи Богородица толку славна и највозвеличена? Во Евангелието многу малку е напишано за Неа, Нејзиното безмерно смирение како да Ја оставило во сенка. Но, сепак, и тоа малку што се спомнува, јасно сведочи за едно совршено послушание кон Божјата волја. Најпрвин со Неа се среќаваме при Благовештението, кога архангелот Гавриил Ѝ објавил дека ќе роди Син, иако Таа не знаела за маж. И гледајте какво неискажливо послушание на смирената Дева: ‘Еве ја слугинката Господова;’ - му одговорила кротко Таа на архангелот - ‘нека ми биде според зборовите твои’ (Лк. 1, 38). Ете тоа чудесно и бескрајно послушание Ја удостои да биде Божја Мајка. Подоцна, при средбата со Нејзината роднина света Елисавета, мајката Претечева, повторно гледаме пример на совршена предаденост на Божјата промисла. На свадбата во Кана Галилејска, пак, од Неа ја слушаме најубавата и најспасителна поука до човечкиот род. Поука за сите поколенија до крајот на времето! Кога на свадбата снемало вино, Таа ги пратила слугите кај Христа, велејќи им: ‘Сѐ што ќе ви рече, направете!’ (Јн. 2, 5) А што е ова, ако не поука за безусловно послушание кон Бога? Дури и Нејзиното Успение, што денес така свечено го славиме, е одраз на едно крајно послушание и смирение пред Божјата волја. Преданието ни зборува дека повторно од Бога Ѝ бил испратен архангелот Гавриил, но овој пат да Ја извести за Нејзиното заминување од овој свет, кое требало да биде по три дена. Значи, Мајката на вечниот Живот требаше да вкуси смрт, да биде положена во гроб! Замислете, Таа Која беше ‘поширока од небесата’ и навистина достојна да не види смрт, со надразумна послушност се покорува на законот на природата, создаден од Бога, и прифаќа Нејзиното пречисто и обожено тело да биде предадено на земјата!
Многу поуки можеме да извлечеме од овој голем Празник, но најважната е, сепак, -  послушанието и смирението. Ние не сме ни свесни колкава сила нашиот Творец небесен всадил во нас! Но таа сила не е она што луѓето вообичаено си мислат, барајќи ја неа во парите, славата од овој свет, моќта... Не, сите тие нешта само сведочат за нашата слабост. Напротив, нашата внатрешна сила е во послушанието кон Бога, по примерот на Пречистата и Преблагословена Владичица наша Богородица. Тоа Нејзино послушание го подражавале сите ревносни слуги Христови, сите светии, кои, бидејќи крајно послушни на Бога, толку многу се облагодатиле, што се осветиле, станале великани на Духот, славни чудотворци и молитвеници, оставајќи ни неизбришлива трага со својот пример. Кон такво послушание сме повикани и сите ние денес, тоа ќе стане посредник на нашето обожување, скала кон небесата и залог за нашето спасение.

09.jpg

Денес, за жал, во светот не само што не се ценат послушанието и смирението – тие Божествени добродетели за современиот човек се синоним за слабост – туку баш спротивното: на цел глас и со сите расположиви средства, вклучително и медиумите, се пропагира токму она што на човекот му ја навлече сета беда - непослушанието кон Бога, индивидуализмот, сеопштата анархија и нихилизам. Затоа денес, повеќе од било кога, Богородица треба да стане нашата Водителка, нашиот образец за христијанско живеење. Само тогаш ќе можеме да бидеме посилни од искушенијата и да опстоиме пред сите овие зла. А она што се бара од нас и не е така тешко. Христос вели: ‘Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете спокој за душите ваши; Зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно’ (Мт. 11, 29-30). Што бара од нас преблагиот ни Спасител? Најпрвин да ги подражаваме сите оние морални вредности што се пропишани во светото Евангелие. А потоа целосно и безрезервно да се предадеме на Божјата волја. Зашто никој подобро од Него не знае што ни е потребно за нашето спасение.

Нека семилосрдната Богородица го ублажи гневот и егоизмот во човечките срца, нека ги повика сите христијани кон Своето блажено послушание, кое води кон мир во светот и спасение на душите! Зашто и сами гледате колку немир му донесе на светот човечката определба за анархија и непослушание, наместо за послушност и љубов кон Бога и ближниот. Плод на тоа непослушание се оние страшни насилства во сегашните земји во Африка и на Блискиот Исток, како Египет, Сирија, Ирак, Нигерија, Либија, каде некогаш цутело христијанството, чиишто културни и морални придобивки ја задолжиле целата човечка цивилизација, а сега таму христијанското малцинство е подложено на најбрутални и нечовечки измачувања и прогони. Да Ја замолиме, затоа, оваа ноќ Пресветата Богомајка да го простре Својот свет омофор над овие земји и да ги заштити страдалните христијани, да им ја испрати својата закрила и на православните во Украина, и да го запре крвопролевањето и братоубиствената војна, што исто така се плод на богопротивниот западен дух, кој безобѕирно сее раздор среде славјанскиот братски народ.

21.jpg

22.jpg

Најпосле да се помолиме на Божјата и наша Мајка да не нѐ лишува од Својата помош, да нѐ чува од секакви зла и непријатели, да ни ја чува и Татковината наша и да ни го испрати од небото Својот голем мајчински благослов, бидејќи Нејзиниот благослов и Нејзиното застапништво ни се толку потребни сега, во ова тешко време, кога беснеат човечките страсти, кога лошото се претставува за добро, кога нискоста и човечката дрскост стануваат норма и љубовта кон сите морални вредности гасне. А кога заладува љубовта кон моралното и доброто, ја нема веќе ни љубовта кон Татковината. Па така, денес постојано ги слушаме младите како велат: ‘Што ми е грижа за мојата Татковина, јас ќе заминам и не се враќам’. А не знаат дека со тоа се откажуваат од родното огниште, од својот народ, па неретко дури и од својата Црква, и им отплаќаат со непослушание на своите претци, кои од љубов кон верата и Татковината ги дале и своите животи и ни оставиле света должност да го чуваме она што тие со големи жртви го придобиле. Нашата света Црква – Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, нашата убава македонска земја, нашите благочестиви семејства се таа голема придобивка што треба да ја чуваме со бескомпромисно послушание. Дури тогаш Господ, гледајќи ја кај нас оваа богомила добродетел, ќе ни го благослови родот.

Вечерва јас ќе ги упатам своите скромни молитви кон Преблагословената Мајка на родот христијански и за вас, просејќи од Неа да ве чува и благослови сите вас, а и сите ваши ближни, бидејќи направивте подвиг да дојдете оддалеку, од сите краишта ширум нашата земја, во овој свет манастир, за да го споделите со нас ова преблагодатно молитвено бдение. Богородица да ви го прими овој подвиг, а пред сѐ да ни дава сили да издржиме во овие големи искушенија во кои се наоѓаме.

Добро бдение на сите!“ Амин!

 10.jpg

 11.jpg

 12.jpg

  13.jpg

  14.jpg

 15.jpg

 16.jpg

 18.jpg

 19.jpg

 20.jpg

 21.jpg

 22.jpg

 23.jpg

 25.jpg

Извор: Бигорски манастир

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

« »

Православен календар

 

10/08/2024 - сабота

Св. апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен; Св.т маченик Јулијан; Преподобен Павле Ксиропотамски; Св. маченик Евстатиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник 30 јули / 12 август 2024

Тропар на светите Христови апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник 30 јули / 12 август 2024

Петтобројниот хор на Христови Апостолисо пофални песни да го восфалимеСила, Силуан, Крискент, Андроник со Епенет,зашто тие идолската прелест ја разобличија,а...

Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

Душата без Љубов животот не го поима,во таква вистина патот ти го помина,о свети мачениче Калиниче,сакајќи да го избавиш човекот...

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Вие ученици на Божјото Слово,вие носители на Духот Свети,вие јагниња на колење поведени,Прохоре, Никаноре, Тимоне и Пармене,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная