Треба да се трудиме - додека сме овде во живот- да бидеме тивки, мирни и благи, полни со љубов и добрина, во себе секогаш да имаме добри мисли и желби, бидејќи тие ни даваат мир и тишина уште во овој живот, остануваат засекогаш со нас. И Бог ќе ни даде во вечноста да растеме од сила во сила, од познание во познание, како што ангелите и светите се усовршуваат во доброто бескрајно.
- Ако во вечноста, не дај Боже, преминеме со немирни и зли мисли, со мисли на гнев и противење, во вечноста ќе продолжиме да живееме со тие мисли и расположенија и уште , горе да “растеме“ без крај во злото. Човекот никогаш не стои на една точка, тој секогаш се усовршува или во доброто или во злото, во зависност од неговите карактерни особини. Тоа усовршување започнува тука на земјата, а продолжува и во вечноста.
Подготви: Сузана Стефановска