логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 03.jpg

 Духовно и национално торжество во Бигорски

05.jpg
20 јули/2 август 2014 лето Господово


Ни настапи ден воспеван, засветли ден насликан, бликна ден оплакан! Дојде ден славен, дојде ден – Илинден!

06.jpg

Необично е како еден единствен ден може да ја промени историјата на поединечни народи, па дури и на целото човештво. Ете, денот кога Пресветета Владичица наша Богородица го кажа Своето судбоносно „нека ми биде“, започна спасението на светот. Денот кога Синот Божји ги рашири Своите пречисти раце на Крстот, беше ден на поразот на царството на злобата. Денот кога светиот благоверен цар Константин Велики извојува победа над злочестивиот Максенциј, му донесе слобода на Црквата Христова која три века беше сурово гонета. Тоа се денови кои го променија текот на целото човештво.

07.jpg

08.jpg

И секој народ во својата историја има еден таков епски ден. За нашиот многустрадален народ тоа е Илинден – празник на светиот пророк Илија, „земниот ангел и човекот небесен“, кој по земја одеше, но со небесната колесница управуваше и до голема височина достигна, до самите небесни пространства се искачи. Неговата уста беше заповедник на водите и клуч на небесата, зашто гласот негов до Господа стигна и три години земјата вода не вкуси (3 Цар. 17, 1); словото негово се произнесе и оган од небесата спушти (18, 38). Тој е пророкот кој го избра и благослови нашиот народ да биде закрилуван од неговите огнени молитви. Тој е пророкот кој ни го подари својот ден и своето име да бидат споменик на илјадници христољупци и родољупци кои ги положиле своите души за слободата на нашата најсвета православна вера  и нашата возљубена Татковина. И не случајно на неговиот светол спомен нашиот побожен народ востанал против иноверното иго во 1903 г., кога иако физички поразен, извојувал морална победа. И не е просто и случајно совпаѓање тоа што на Илинден 1944 г. во манастирот „Св. Прохор Пчински“ е востановена првата слободна македонска држава. Сето тоа е едно непоколебливо сведоштво за непрестајното молитвено застапништво на светиот, славен и сефален пророк Илија за христољубивиот македонски народ пред Престолот на Света Троица.

  • Со безмерна благодарност за неговата молитвена закрила, денес Бигорската свештена обител торжествено го прослави неговиот сечесен спомен. После празничното богослужение и светата Литургија, нашиот родољубив старец, архимандрит Партениј, го отслужи свечениот чин на Доксологија - благодарност и славословие кон Бога за Неговите бескрајни милости кон нас, и молитвен спомен за сите оние кои паднале на браникот за слободата на верата и Татковината и со тоа на дело ги исполниле Христовите заповеди за пожртвувана љубов кон Бога и ближните. Зашто, според зборовите на нашиот старец, овие две заповеди потекнуваат и извираат една од друга. Љубовта кон Бога води кон меѓусебна согласност; а без согласност не може ни љубов да постои. Што поголема е љубовта кон ближните, толку посилна е и љубовта кон Бога; но таа љубов е најубава и најсилна кога ги опфаќа сите членови кои ја градат богодаруваната заедница, така што таа заедница како едно тело ги поднесува сите добра и зла. Целта, пак, на оние што ја раководат таа заедница е да ги приведуваат нејзините членови по патот на обожението во Богочовекот Христос.

10.jpg

 11.jpg

  • „Сесвет Владико, по застапништвото на Твојот славен пророк Илија, прими ги нашиве благодарствени молитви во овој ден, кога си спомнуваме за херојското Илинденско востание, кое е почеток на нашето ослободување и преродба, и уште за денот на основањето на нашата славна држава. Душите на отците и браќата наши, кои јуначки се бореле и славно паднале во светите борби за нашата вера и татковина, или биле измачувани и убиени од непријателските војски, или паднале во заробеништво, упокој ги со оние кои од памтивек Ти благоугодиле. Нас пак, покажи нè достојни за слобода, во мир и единомислие сочувај нè, и на секое добро и благоугодно дело управи нè. Верните наши началници во мир и согласност сочувај ги и кажи им добри зборови во срцата нивни за Црквата и за целиот Твој народ. Амин!“ (Од чинот на Доксологија)

 12.jpg

 13.jpg14.jpg

 15.jpg

 17.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

06/06/2025 - петок

Преподобен Симеон Столпник Дивногорец; Светиот маченик Мелетиј Стратилат и 1218 војници со жени и деца; Преподобен Никита Столпник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная