логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Рождество на Господ Исус Христос

Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.

А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство.  Повеќе...






 Kapsanis.deca.jpg

 Митрополитот на Касторија г. Серафим за архимандритот Георгиј Капсанис

Во утринските часови на големиот Господов празник Педесетница, што воедно е  и  ден на слегување на Пресветиот Дух, осум дена по упокојувањето на старец Мојсеј, во ист час, архимандритот Георгиј Капсанис, умировен игумен на светогорскиот манастир „Преподобен Григориј“, се префрли од земниот Жртвеник на Небесниот.

Тој е скапоцен бисер и благоухан цвет на атонската заедница. Како што е напишано за него, тој е признат за една од највидните личности на современото светогорско монаштво. Уште ќе пишуваат и, истовремено, ќе ги признат неговото богословско образование, неговата служба во Црквата, неговиот придонес во надворешната мисија, неговата борба за Црквата и за Православието, неговото учество во дејностите на светогорското монаштво.

Исто така, многумина, со право, ќе забележат дека тој беше автентичен духовен отец, искусен терапевт, затоа што под својот епитрахил не само што го успокои многубројното Григоријатско братство, туку и многу женски манастири во кои беше духовен отец, но и безброј луѓе, кои со доверба прибегнуваа кон неговото големо и љубовно срце.

Сите ќе застанат со голема почит пред овој сеправославен лик на Старецот Георгиј. Меѓутоа, уште откога ме запозна со него мојот старец Агатоник, па потоа и како ѓакон, презвитер и епископ на Црквата, јас го запознав како човек кој, покрај другите, имаше и една ретка добродетел. За неа сакам да приложам неколку слободни збора како неколкуѕ цветови на неговиот свеж гроб во Григоријатскиот манастир, каде што почива неговото чесно тело.

Старец Георгиј беше украсен со добродетелта на благородноста. И кога се согласуваше со својот соговорник, тој беше благороден. И кога не се согласуваше, пак беше благороден. И кога му укажуваше на некого гостопримство во неговиот манастир, во какво било својство да е гостинот, старецот пак беше олицетворение на благородноста. А таа благородност, која ја поседуваше и која излегуваше од просторот на неговата душа, не беше само обично добро однесување, ниту беше резултат на надворешното образование и на аристократското семејно потекло. Таа благородност не содржеше форми и правила за културен световен живот, туку беше плод на Светиот Дух. Тоа беше внатрешна состојба, која се должи на присуството на Утешителот, „Којшто беше вселен во просторот на неговата душа“.

Старецот, со неговото познавање на Отците на Црквата, знаеше дека христијанинот, а особено монахот, и уште повеќе духовниот отец, треба да поседува, според кажаното од св. Василиј Велики, „благородност и убаво однесување во разговорите и кон сите луѓе“. Старецот го имаше предвид советот на св. Исаак Сириски: „Благородност и чест кон сите луѓе; тој начин на однесување да го имаш секогаш“. И ова тој го задржа сè до последниот здив од својот живот.

А. Благороден човек не е оној кој ласка, ниту оној кој задолжува некого со убавото однесување. Тоа не е човек лицемерен и кој бара пофалби, туку е тој оној што укажува чест и ја исполнува Павловата заповед: „натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг“ (Рим. 12, 10). Затоа е напишано дека благородноста е резултат на најголемата добродетел – расудувањето. Би можеле да кажеме дека благородноста за душата е исто како што се светлината и очите за телото на човекот. Се сеќавам, секогаш кога го посетував манастирот „Преподобен Григориј“, тој се трудеше да направи сè за да го успокои срцето на младиот епископ и да најде илјада начини да го укрепи во неговата епископска служба. Онаа широка насмевка што ја имаше и зборовите полни со топлина, реално ја изгонуваа маглата на искушенијата и на тешкотиите, а на душата од секој човек ѝ даруваа мир и спокој.

Б. Благородниот човек како раководители во својот живот ги има едноставноста и искреноста. Тоа е она што нашиот народ го нарекува „ненаметливост“. Едноставниот и искрен човек ги одбегнува грубоста и дрскоста, дури и кога не се согласува, и ја пројавува убавината на својата душа, којашто се карактеризира со блескавост и чистота, нелукавост и непорочност. Кај благородниот човек не постои присуство на личен интерес и на себичност. Не постојат затскриеност, подлост и злоба. Благородниот човек се одликува со смелост на мислењето, а не со дрскост. Дрскоста не е сила, туку е слабост. Спротивно на тоа, смелоста е витештво на душата и присуство на Пресветиот Дух. Таа искреност на сетилата и таа смелост (не дрскост), старецот Георгиј ги поседуваше во однос на прашањата за исповедање на верата, за догматски, црковни, монашки и духовни теми.

В. И уште нешто: благородниот човек е оној кој цени и почитува. Тоа е оној кој наоѓа начини и шанси да го почести и да му покаже љубов на другиот, затоа што во личноста на другиот тој Го среќава Христос. На ова советуваше и еден друг светител на нашата Црква, Старец Амфилохиј од Патмос. А таа чест не е лицемерна, туку е изворна и вистинска. Таквото однесување на Старецот ја немам само јас лично констатирано, туку и сите оние кои имале комуникација со него. И во манастирот, и во метосите каде што го посетував, и во многубројните наши лични средби, како и во многуте негови телефонски повици, јас реално ја препознавав таа изворна и вистинска чест. Самиот тој како благородник, правеше и другиот да се чувствува како благородник. Тој ми велеше: „Немој да се плашиш; чекори во животот согласно со Божјата волја, а таму каде што запираат твоите сили, тогаш почнува да дејствува Бог“.  Таа изворна добрина, години наназад, ја запознал и неговиот близок пријател, мојот старец Митрополитот Агатоник. Затоа и му ги возврати љубовта, почитта и честа кон неговата личност. Тој ми велеше: „Не можеш ни да замислиш какво богатство за нашата Црква е о. Георгиј, ниту, пак, можеш да сфатиш колкав Божји благослов поседува тој човек“. И не е случајно тоа што токму на денот на Педесетница Старецот Георгиј замина кон Небесниот Жртвеник, за да го продолжи таму бескрвното свештенодејствување. Педесетница е ден кога на човечкиот род му се доделуваат даровите на Светиот Дух, коишто тој богато ги вкуси во својот живот.

Блаженоупокоен Старче,

Од Небесниот Жртвеник, од каде што со смелост, заедно со свети Никола, со света Анастасија Римјанска и со преподобен Григориј ктиторот, претстојателствуваш, моли се и за нас. Сега и од таму каде што се наоѓаш, благословувај ги твоите духовни деца: епископи, монаси, монахињи, лаици и целокупниот Православен род. Сега и ти ќе можеш, со смелост и слободно, да ги повторуваш апостолските зборови: „Извојував добра борба, го завршив трчањето, ја запазив верата; Отсега натаму ми е подготвен венецот на правдата“ (2. Тим. 4, 7 – 8).

Вечен нека ти споменот, многупочитуван мој Старче!

 

 Извор: Скопска епархија


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

« »

Православен календар

 

10/01/2025 - петок

Св. Дваесет илјади никомидиски маченици; Преп. Симеон Мироточив; Светата маченичка Домна;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови Дваесет илјади маченици во Никомидија 28 декември / 10 јануари 2025

Тропар на светите Христови Дваесет илјади маченици во Никомидија 28 декември / 10 јануари 2025

Како темјан благоухан, Црквата ги принесе молитвите, на дваесетте илјади маченицикон Тебе о Христе Боже,примајќи ги нивните души во рацете...

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 27 декември / 9 јануари 2025

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 27 декември / 9 јануари 2025

Со добар подвиг се подвизуваше, првомачениче Христов и апостоле, ја изобличи безбожноста на мачителите.  Каменуван од рацете на беззакониците,

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани  27 декември / 9 јануари 2025

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани 27 декември / 9 јануари 2025

Запишани во непропадливата книга небесна, двајцата жигосани по лицата,  светите Теодор и Теофан,денес црквата ги возвеличува,  Христос ги прославува,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная