логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  (Од архивата на Преминпортал)

 Sasho.Duhovden3.jpg

 

  • Драги браќа и сестри, денес нашата Света, православна Црква го слави еден од најголемите празници, Слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите или како што е познат помеѓу луѓето, Духовден. Всушност денест го славиме третото лице од Светата Тројца, односно Светиот Дух, кој е едносуштен на Оца и Сина. II -та глава од Делата на Светите Апостоли ни сведочат дека на денешен ден, односно на педесетиот ден по Воскресението Христово и на десетиот ден по Вознесението Христово, Светиот Дух слезе врз Светите Апостоли и ги исполни со моќ и “тие почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат” (Дела 2, 4).

Овој настан се случуваше пред една куќа во Ерусалим, а народот кој што беше насобран остана вчудоневиден, кога сите можеа да слушаат како Апостолите им говорат на нивниот јазик. Бидејќи во тоа време Јудејците го славеа нивниот празник на трендафилите, односно празникот Розалија, во Ерусалим имаше надојдено народи од сите страни на светот, односно тој ден во Ерусалим престојуваа народи кои ги зборуваа сите јазици кои постоеја во тоа време. Многумина останаа вчудоневидени од ова големо чудо што им овозможуваше да слушаат како Апостолите им говорат на нивниот јазик, но имаше и Јудејци кои им се потсмеваа на Апостолите велејќи дека се напиле од слаткото вино (Дела 2, 13). Тогаш Светиот Апостол Петар стана и им се обрати на насобраните велејќи “Луѓе Јудејци и вие што живеете во Ерусалим, овие луѓе не се пијани, како што мислите вие зошто е третиот час од денот, туку тоа е исполнување на пророштвото на пророкот Јоил од Стариот Завет во врска со примањето на највисокиот мандат на Евангелието преку слегувањето на Светиот Дух” (Дела 2, 15-21). Драги верници, токму во овој пасос лежи основата да секој народ има право да го слуша проповедот на Словото Божје на свој мајчин јазик, а со тоа и секој народ да има право на своја самостојна црква. Значи тоа право го има и македонскиот народ и затоа слободно можеме да констатираме дека сите денешни обиди за непризнавање на нашата Македонска Православна црква се без библиски темели и дека треба да истраеме во нашите настојувања за самостојна Македонска Црква.

  • По обраќањето на Петар до народите, многумина од нив се покааја и побараа да бидат покрстени. Така тој ден беа покрстени околу 3000 души, што всушност претставува конституирање на новата Христијанска Црква, која како темел ги има Светите Апостоли, а невиден водач го има Спасителот наш Господ Исус Христос. Овој ден претставува почеток на Црквата бидејќи тој ден најпрво се ракоположени или хиротонисани Апостолите примајќи го дарот на Светиот Дух, а подоцна тие во името на Света Тројца ги покрстија тие 3000 души, со што всушност се формира и првата христијанска црковна заедница. Затоа драги верници, овој ден односно празникот Педесетница всушност претставува роденден на Црквата.

 

Sasho.Duhovden3.jpg


По примањето на дарот на Светиот Дух, Светите Апостоли појдоа на сите страин од светот да го проповедаат Словото Божје. Со тоа тие ја исполнија пораката на Спасителот Исус Христос кој пред неговото вознесение им порача: “Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал, и ете Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот, Амин”. Апостолите потполно ја разбраа оваа порака и со светост ја исполнуваа истата. Но бидејќи секој ден растеше бројот на новите членови кои сакаа да се покрстат, Светите Апостоли, неможејќи сами да се справат со мнозината, ракоположија и други епископи и свештеници кои со помошта на Светиот Дух ќе можат да го проповедаат Светото Евангелие меѓу народите.
Светиот Дух на почетокот ги обдари Светите Апостоли со дарот да говорат на повеке јазици, бидејќи во тоа време тоа им беше најпотребно, но подоцна според потребата за апостолската служба Светиот Дух изливаше врз Апостолите и други дарови, како дарот на чудотворство, на пророштво, мудрост, трпеливост, внатрешен мир, верување и надеж, дарот на богољубието и човекољубието. Овие дарови Светиот Дух ги излеваше не само на Апостолите, туку и на сите епископи, свештеници и ѓакони при нивното хиротонисување, и така тој ланец на хиротонисување и на примање на даровите на Светиот Дух трае и денес и ние денешните свештеници и денешните епископи при нашето ракоположување или хиротонисување ги примаме тие дарови од Светиот Дух. Без помошта од даровите на Светиот Дух не ќе можеме да го проповедаме Словото Божје и не ќе можеме да го водиме Стадото кое ни е поверено од Бога.
Исто така и ние сите христијани, со примањето на Светата Тајна Крштение стануваме синови Божји, и од тој ден со нас ги носиме Отецот, Синот и Светиот Дух, а веднаш по крштевањето, ги примаме и даровите на Светиот Дух, односно божјата благодат за наше духовно опстојување. Силата на оваа тајна е толку голема и трајна, да таа, исто како и крштевањето, не се повторува. Затоа треба што подостојно оваа благодат да ја чуваме во нашите души, и да се пазиме од секакви пороци, кои ете, за жал во денешно време се се поприсутни околу нас и кои ја отргнуваат оваа Божја благодат од нас. И доколку поради слабоста човекова се случи да паднеме во некој порок, и кога ке осетиме некоја душевна мака, треба да појдеме кај свештеникот-духовник и да го исповедаме тоа прегрешение, да побараме некаква духовна терапија, а нашиот Бог, кој толку многи ги сака луѓето ќе ни ги прости сите гревови волни и неволни. Многумина наши браќа и сестри, кога ќе западнат во некоја мака одат да бараат помош од разноразни, бајачи, гатачи, гледачи, без да се свесни дека тие луѓе се предводени од ѓаволот и дека тие го праваат тоа само за да имаат некаква материјална корист. Сите оние кои отишле на такво место всушност се поклониле на ѓаволот, а се разбира дека никогаш немаат некаква полза од тие посети. Затоа драги браќа и сестри кога ќе слушнете дека некој посетува такви места, укажете им на грешките кои ги праваат и упатувајте ги да дојдат во духовното лечилиште, односно Црквата а таму свештениците ќе им читаат молитви и само на тој начин ќе осетат вистинско душевно подобрување и само така ќе си овозможат духовно и телесно спасение.

Sasho.Duhovden6.jpg
Драги верници, би сакал да спомнам и за еден обичај кој е поврзан со денешниот ден. Имено, народна традиција е денес уште од ноќните или раните утрински часови да се оди на гробишта, бидејќи тогаш излегувале духовите на нашите починати. Ова е многу лош обичај и ова вакво верување нема никаков христијански и библиски темел. Петокот и саботата пред денешниот ден се деновите кога се посетуваат гробовите на нашите починати и се праваат помени за нивните души, а на денешниот голем празник сите верници би требало да појдат во црква. Затоа на сите оние кои денес отидоа на гробишта, водени од некои нехристијански пагански обичаи, им порачуваме да престанат на овој голем ден да одат на гробишта туку, сите тие да дојдат во црква и да присуствуваат на Светата Литургија со што вистински христијански ќе учествуваат на славењето на роденденот на црквата и на вистински христијански начин да ќе Му принесуваат молитви на Бога. Исто така на сите треба да ни биде јасно дека молитвите упатени до Бога на гробишта на денешен ден, како и раздавањето кое се дава за душа на починатите, не се примени од Бога.
За крај да му се помолиме на Бога да ни ги услиша молитвите и да се надеваме дека овие наши пораки ќе стигнат до сите оние кои денес отидоа на гробишта и дека веќе од следната година на вистински христијански начин ќе го прослават Духовден, Амин!

 

 

Sasho.Duhovden5.jpg

 
  Ј е р е ј      д-р  С а ш о      Н а к о в

Скопје, 3 јини 2012 год.

 Sasho.Duhovden3.jpg

На празникот на Слегувањето на Светиот Дух -  храм  Вознесение Христово, населба Маџари, Скопје 

 Sasho.Duhovden3.jpg

Sasho.Duhovden3.jpg

Преминпортал

Лето Господово 2012

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

АРХИВА- Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

АРХИВА- Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

АРХИВА- Александар Несторовски: НЕДЕЛА НА САМАРЈАНКАТА 14.05.2023

АРХИВА- Александар Несторовски: НЕДЕЛА НА САМАРЈАНКАТА 14.05.2023

Својата Вода, или Живата вода, за која говори Господ Исус Христос, во разговорот со Самарјанката, е всушност Неговото спасително учење кое постојано, непрекинато ни го дава низ вековите, па и...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Благодатта на Светиот Дух Господ, од часот на нашето Крштение се наоѓа внатре во нашето срце. Но, не е доволно само да сме крстени во Црквата, па да се подразбира...

 Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

За симболиката на крајот на Новиот Завет ни говори Апостолот Павле: „во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат среброљупци, горди, хулители, неблагодарни, неправедни, непомирливи, клеветници, невоздржливи,...

Жарко Ѓоргиевски:19. мај 2024 година - Свети праведен и многустрадален Јов

Жарко Ѓоргиевски:19. мај 2024 година - Свети праведен и многустрадален Јов

Најхрабри и со најцврста вера биле токму овие жени мироносици кои тргнале до крај да ги испочитуваат обичаите кои владееле во тоа време. Затоа тие и станале првенци на апостолството...

« »

Православен календар

 

16/06/2024 - недела

Светиот маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула; Светиот свештеномаченик Лукијан; Светиот маченик Димитриј, принц руски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. мч-ци Христови Лукилијан, Клавдиј, Ипатиј, Павле, Дионисиј и Павла 3 јуни / 16 јуни 2024

Тропар на св. мч-ци Христови Лукилијан, Клавдиј, Ипатиј, Павле, Дионисиј и Павла 3 јуни / 16 јуни 2024

Како на орел што се обновува младоста негова,така верата во светиот Лукилијан обнови сила духовна, заточен со светите младенци Клавдиј,...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Еразмо Охридски 2 јуни / 15 јуни 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Еразмо Охридски 2 јуни / 15 јуни 2024

Мудри, твојот преподобен живот го измина, украсувајќи се со светол хитон свештенички.Пролевајќи ја крвта своја маченичка,си се удостоил со вечна...

Тропар на св.маченик Христов Јустин Философ 1 јуни / 14 јуни 2024

Тропар на св.маченик Христов Јустин Философ 1 јуни / 14 јуни 2024

Како птица која го прелетува морето,така ти Јустине свети ја надмина мудроста на овој свет,дознавајќи дека вистинско спознание се добива...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная