Светогорскиот манастир „Св. Георгиј Зограф“ уште од своите почетоци (во 10-тиот век) бил извор на духовно просветление на нашиот православен народ. Бројни се отците кои се подвизувале во овој манастир, монаси, архиереи, учители, книжевници и преродбеници, кои со своите трудови и дела до ден-денес неуморно сведочат за Вистината, а за нас претставуваат нераскинлива нишка на единството и братољубието во Христа.
Во таа чест, Ве покануваме, во Битола и Скопје, на средба со неговото Високопреподобие, Игуменот на Светогорскиот манастир „Св. Георгиј - Зограф“, дедо Амвросиј, и јеромонахот отец Висарион Зографски, авторот на книгата „Православен поглед кон ликот и делото на Ванѓа“.
Воведното предавање ќе го изложи, неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, потоа ќе следува предавањето на отец Висарион, под наслов: „Окултизмот, маѓесништвото и вражањето низ призмата на православното христијанско учење“ кое воедно ќе биде и промоција на македонскиот превод на неговата книга, кој неодамна излезе во издание на манастирот Зограф, по што ќе биде отворена расправа, на којашто присутните ќе можат да поставуваат прашања и на тој начин одблиску да се запознаат со нашите драги гости.
Средбата и предавањето со промоција ќе се одржи на 26 мај (понеделник), во Битола, во Малата сала, во 18.00 часот, и на 27 мај (вторник), во Скопје, во салата при Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, во 18.00 часот.
Со радост го очекуваме Вашето присуство,
Христос воскресе!
Навистина воскресе!
За Преминпортал : о. Виктор