Изникна нов светилник во с. Дрен, Прилепско
Старозаветниот пророк Давид ќе воскликне: Господи, Господи, колку се величествени твоите дела. Се премудро си створил и немаме доволно зборови за да ги искажеме делата на Твоето величие.
На 26.04.2014 год.- Светла Сабота, последниот ден од Светлата седмица, во прилепското село Дрен беше осветена манастирската црква посветена на светиот пророк Илија. На чинот на осветување или обновување на Храмот чиноначалствуваше Неговото Вискокопреосвештенство митрополитот Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско Новозеландски г. Петар во сослужение со свештеници од Прилепското архиерејско намесништво. Темелите на новата манастирска црква беа осветени 07. 06. 2008 и веднаш по осветувањето се започна со изградбата на овој велелепен украс на областа Раец. Местото е прекрасно и за око и за душа вдлабнато меѓу планините Дрен (источно) и Селечка (западно), а оддалечено од Прилеп дваесетина километри со лош и тешко прооден пат.
Во овој Свет и Божествен ден кога Црквата ја чествува Пасхалната радост истата беше прославена со двојна, тој внатрешен порив кој што извираше од секој еден верник кој присуствување на обновувањето на Храмот го грееше дождливиот ден со радост, зашто сите беа со една мисла, да дојдат и да земат од Благодатта Божја која на ваков чин се излева изобилно. По осветувањето се отслужи првата Божествена Воскресна Златоустова Литургија на која чиноначаслтвуваше нашиот епархиски архиереј митрополитот Петар.На божествената литургија присуствуваа локалните власти како и пратеници од Собранието на РМ и многуброен верен народ кои на светата литургијата се причестија со телото и крвта Христови, а по завршувањето беше приредена и богата трпеза на љубовта.
Црковното настојателство на манастирот е ретко од многуте настојателства низ црквите и манастирите од Нашата Светиклиментова Црква, кој живее побожен, црковен, и литургиски живот, а сето тоа се гледа од Духот кој лебди и ја облагодатува оваа света обител, а тоа е најбитно зашто ако домаќинот е во молитва тогаш и гостинот е во молитва, а пак Христос вели „ .. каде се двајца или тројца собрани во Мое име таму сум и Јас...“
Емилијан Зелнички
Студент на Православниот Богословски Факултет