логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


00.jpg

Воскресение Христово – Пасха
01.jpg

7/20 април 2014 лето Господово

02.jpg

Болскоти сега ноќта, облечена во светлина невечерна и светли појасно од најблескавиот ден! Изблици од радост се креваат до небесата; небото и земјата соединети славословија и химни принесуваат. Се радуваат сите сили природни и сите стихии ликуваат; злото е поразено, сета природа се очистува и за непропадливост се обновува. Се радува и раскошно украсената Невеста Христова – Црквата, и со радост го поздравува Женихот, Кој во сета красота доаѓа од гробот како од палата. Денес радосно ликува и нашиот прататко Адам, ослободен од првото проклетство и ги подава рацете заедно со Ева, воскреснувајќи во Господа. Денес и да сакаме да молчиме, не можеме – срцето не допушта! Се бунтува тоа во градите како да сака да излезе и на цел свет да му ја објави божествената радост што го исполнува.  Затоа денес, Господи, дај ни глас достоен на ангелскиот, кој силно одекнува во сите краеви на земјата, за да можеме со усти незамолчиви Твојата победа над смртта торжествено да ја објавиме:

 Христос воскресна! – бледнее смртта победена од блескот на Животот! Христос воскресна! – благовестат жените мироносици, кои слушнаа радосна вест од ангелот. Христос воскресна! – проповедаат апостолите, гледајќи Го пред себе Господа воскреснатиот. Христос воскресна! – се разнесува по целиот свет, со безброј знаменија и чудеса. Христос воскресна! – велат и мачениците, непоколебливо трпение покажувајќи. Христос воскресна! – ликуваат архијереите, исповедници и учители на црквата, црпејќи од тоа сила на верата и мудроста. Христос воскресна! – велиме и ние, славословејќи го животот вечен што пред нас се отвора, зашто нам ни се отворија дверите на рајот.

Радувајте се, сите вие, кои во Христа умирате, радувајте се и вие, болни и тажни, радувајте се, вие, кои Христа ради пострадавте, радувајте се и сите вие, живи на земјата, за сите вас е подготвено Царството вечно. Во него со Христа ќе царувате, Нему ќе Му служите и Него во вечност ќе Го славите! Зашто воскресна Христос и демоните ги сруши, воскресна Христос и ангелите се радуваат. Да се зарадуваме и ние, заборавајќи на сè што нè разделува и заедно да ја запееме победната песна со торжествени звуци: Христос воскресна од мртвите...

Бигорскиот храм со благодатните зраци кои извираа од небоземната и несекојдневна Божествена Литургија, отслужена на цветниот Епитаф, уште утрото, на Велика Сабота, внесе светлина во нашите души, предвестувајќи ја неповторливата експлозија на Пасхалното ликување, чудесното слевање на живата и неживата твар, на небото и змејата и на сета вселена, во една непрестајна химна на Животот, Кој излезе од гробот. Закитен со својата бела празнична одежда, озарен со сјајот на Благодатниот оган, што еве веќе шест години го облагодатува пасхалното богослужение со благословот од Гробот Господов, а најмногу украсен со огромното мнозинство христокопнежливи души со благи насмевки, од кои пробиваше невечерната радост на Осмиот ден, тој наликуваше на онаа небесна свадбена одаја, очекувајќи го триумфалното влегување на Женихот. Среде ноќната тишина на трепетно исчекување, свечениот глас на нашиот старец, архимандрит Партениј, умилително го благовести евангелското сведоштво за Воскресението, и наеднаш мигот што сите го очекувавме – Христос воскресна!, громогласно одекна воскликот на илјадници усти, како силен печат на верата во Воскресението на Спасителот. А потоа сè се слеа во една прекрасна хармонија на звуци, бои, светлини, и како повеќе да не бевме тука, туку во прегратките на воскреснатиот Христос, впивајќи ги од Него животворните благодатни сили и живеејќи го и своето сопствено воскресение. Срцата наши посакуваа ова блаженство никогаш да не престане, и како апостолите на Тавор извикнуваа: „Господи, добро ни е да бидеме овде“ (Мт. 17, 4). Зарем има нешто друго на светот што би можело со оваа радост да се спореди?

Возвишен Победителу на смртта, вечен Жениху на душите наши, најбожествен Исусе, Тебе Ти се обраќа устата наша, Тебе во радост Ти воскликнува духот наш: дојди оваа ноќ, дојди, Најсладок наш, и влези макар и низ заклучените двери на нашето срце, влези и излеј над нас изобилен дожд на Својата божествена благодат! Дај ни сега да се насладиме од Твојата рајска храна! Лицето свое од мракот гревовен и животен да го одвратиме и кон Тебе, изгреано Сонце на правдата, да се обратиме, со Твојата незаодна светлина да се озариме! И удостој нè при општото Воскресение Твојата слава неосудено да ја видиме и Твојот божествен, најљубезен, најсладок и најпосакуван глас да го слушнеме: „Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од почетокот на светот“ (Мт. 25, 34)

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!

   03.jpg

 04.jpg

  05.jpg
    06.jpg

 07.jpg

 09.jpg

 10.jpg

 11.jpg

 12.jpg

 13.jpg

 14.jpg

 15.jpg

  17.jpg

 18.jpg

 19.jpg

 21.jpg

 22.jpg

 23.jpg

 25.jpg

Повеќе: Бигорски манастир

 

 

 

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

28/07/2024 - недела

+Св. ап.Акила; преп.Никодим Светогорец

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Тропар на св. Христова великомаченичка Ефимија сефална - за чудата 11 јули / 24 јули 2024

Тропар на св. Христова великомаченичка Ефимија сефална - за чудата 11 јули / 24 јули 2024

Жив е Господ и жива си ти света Ефимио,која не го остави стадото Христово,не само што за гревот на ближниот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная