Матка, 19.04. 2014 год.- манастир Успение на Пресвета Богородица Скопје
Токму кон ова духовно воскресение, обнова на нашите души, не повикува Црквата на великиот и радосен ден на Светлото Христово Воскресение. „Денес дојде спасение за светот, видлив и невидлив! Христос воскресна од мртвите-востанете со Него и вие; Христос е во Својата слава-издигнете се и вие; Христос стана од гробот-ослободете се од оковите на гревот! Отворени се адските порти, уништена е смртта, Новиот Адам го замени стариот: И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина ете, се стана ново (2 Кор. 5,17); обновувајтесе!"
(свети Григориј Богослов)
Извор: сестринство на манастирот Успение на Пресвета Богородица