Со одлука на Светиот Архиерејски Синод, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан додели Светиклиментов орден од I ред на НУ „Танец“ од Скопје.
Највисокото одликување се доделува како заслуга за промовирањето на културното наследство во земјава и странство.При доделувањето на медалот, Неговото блаженство меѓу другото рече:
...Песната и орото траат колку и човечкиот род... Богољубивиот цар Давид, како благодарност за должноста што ја добил, да биде водач на Израилот, вели: „Ќе играм и ќе пеам за Господа, а големиот пророк Исаиј истакнува – Господ е мојата песна. А, ако славеникот – Танец, е душата на Македонија, тогаш нашата песна и оро се постојана молитва и поклон пред Господа.“ Па нека траат вечно – и Танец, и песната и орото наше македонско...
Извор: Скопска епархија