Дојдете
да работиме во таинствениот виноград, одгледувајќи ги во него плодовите
на покајанието, да не се трудиме за јадење и пиење, но да стекнеме
добродетели со молитва и пост. А Господарот на виноградот, кому сме му
угодиле со својот труд, ќе даде плата со која ги искупува душите наши од
долгот гревовен, зашто само Он е богат во милоста.
Утрена, четврта недела од постот
Поуки на светите отци: Покајанието е измирување со Господа по пат на вршење на добри дела спротивно на претходните гревови.
Свети Јован Лествичник
Молитва:
Помогни ни, Боже, прилежно и верно да ги бараме даровите најдобри, кои
се даваат само тогаш кога се предаваме и Ти се посветуваме Тебе, на
Црквата Твоја и на службата Твоја. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 25, 1-9
Битие 9, 8-17
Соломонови Изреки 12, 8-22
Созерцание: Господи, Ти си Бог мој, ќе Те возвеличам, ќе го восфалам името Твое, зашто си извршил чудеса.
Исаија 25, 1
Подготви:А.Л.
Преминпортал, лето Господово 2014