логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Sample Image

 Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, за прв пат во поновата историја на Македонската православна црква, се подготви и испечати Литургијата за мешан хор од Атанас Бадев. Преписот на Литургијата во дигитална форма го подготви професорката Веселинка Маџарова, која е и диригент на младинскиот црковен хор на Повардарската епархија „Св. Кирил и Методиј“. Ова најново издание на издавачката дејност на Повардарската епархија, „Св. Ѓорѓи Полошки“, ќе ја има својата промоција во понеделник, на 24. 06. 2014 година, во рамките на Великопосниот концерт на хорот „Св. Кирил и Методиј“ од Велес, кој ќе се одржи во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес со почеток во 18, 00 часот. Концертот ќе го проследи и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и македонски г. г. Стефан.

 

 

Во прилог можете да го прочитате и предговорот на ова издание

„Со псалми, и химни, и со духовни песни,

пејте Му на Господа и

воспевајте Го во вашите срца“ (Ефес. 5,19)

 

Уште во Стариот Завет богослужението било проследено со музички инструменти и со пеење на псалми, химни и молитви. Во првите векови од историјата на христијанската црква, поради многуте и чести гонења, до IV век немало организирано некое посебно пеење, затоа што условите не дозволувале да се пее гласно, туку Литургијата се служела во катакомбите или на отворен простор, далеку од населените места. Но со давањето слобода на Христијанството се појавува и потребата од организирано и поторжествено пеење. Веројатно во Сирија се појавува и невматската нотација, и тогашното црковно пеење почнува да се збогатува со многу национални елементи; секој народ внесувал свои украси, свои стилови на пеење, и така како синтеза од повеќе влијанија настанува византиското пеење кое е заедничко дело и наследство на сите охристовени народи.

Некогаш сиот народ „со една уста и едно срце“ Му пеел на Господа, Му принесувал заеднички молитви, молби и благодарења, но со опаѓањето на црковноста кај народот, пеењето станува обврска и привилегија само на една група пејачи, која се нарекува хор. Хорското пеење е специфично претежно за Западната римокатоличка црква, а од кај Источните цркви само Руската го има развието овој вид на пеење, и сѐ уште работи на негов развој и афирмација, додека, пак, древните патријаршии, грчките цркви, романската, и останатите словенски цркви повеќе се наклонети кон источното византиско пеење.

Целта на пеењето е да ги воведува верните во длабочините на духовниот живот, да навлезат во содржината на текстот и да поттикне во нив разговор со Бога. Не смее да се дозволи црковното пеење да се претвори во опера, концерт или некаков уметнички настап. Црковното пеење треба да го смирува духот, да е скрушено и да извира од молитвени срца, и тогаш и верните го чувствуваат тоа, и таквото пеење ги поттикува да се молат, да учествуваат во молитвите на Црквата. Но штом пеењето се извршува премногу бавно или премногу брзо, или премногу гласно или помпезно, тогаш пеењето од духовно девалвира во душевно, сентиментално пеење, кое единствено ги дразни чувствата на присутните, но не ги поттикнува на молитва. Затоа е многу значајно самите диригенти и хористи да имаат духовен опит, да го живеат животот на Црквата, да учествуваат во Литургијата, и само тогаш ќе знаат како да пејат правилно, како што Му прилега на Бога.

Литургијата на великиот македонски композитор и музичар Атанас Бадев беше присутна повеќе децении во македонските храмови, во училишните хорови, но сите работеа според некои стари ракописи и бледи фотокопии. Иако им беше понудено и на други, единствено госпоѓата Веселинка Маџарова, наставник по музичко образование и диригент на детскиот црковен хор „Свети Кирил и Методиј“, се нафати и вешто го дигитализираше бледиот ракопис, па отсега, благодарение на неа, сите хорови ќе имаат пред себе прекрасно отпечатена книга од Литургијата на Бадев.

Господ да ја благослови за нејзиниот беспоштеден труд и пожртвуваност при издавањето на ова дело, и да ѝ даде сила и благослов за компонирање и издавање и на авторски дела, а на останатите трудбеници од таа фела да им биде стимул и пример за трудољубивост и посветеност.

 
 Митрополит Повардарски

† Агатангел

Извор: Повардарска епархија


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная