логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


restavrirano_pismo1.jpg  restavrirano_pismo2.jpg


26 јануари/8 февруари 2014 лето Господово

Историјата како појава не претставува само некаков безличен збир на податоци што се однесуваат на минатото, мртви слова за мртвите нешта. Во својата суштина, таа е нешто многу повеќе од тоа; оваа наука дарувана од Бога, правилно разбрана, е еден вид воскресение, повторно оживување, зашто пред оние што ја љубат, историјата знае да воскресне одамна упокоени личности, да оживее некогаш порано проживеани собитија, да одухотвори веќе заборавени мисли, верувања, идеи, надежи... Така, неодамна седобриот и семилостив Бог ја зарадува Бигорската обител со ‘воскреснувањето’ на еден мал, но многу значаен дел од нејзината илјадагодишна историја. Имено, додека браќата грижливо ги расчистуваа древните манaстирски книги од вековната прашина наталожена врз нив, во една од книгите, според Божјата промисла тие пронајдоа старо манастирско писмо, потпишано на 2 јануари (стар стил) 1898 година од страна на тогашниот игумен, архимандрит Гавриил  со браќата. Бидејќи писмото беше веќе прилично оштетено, тоа веднаш беше дадено за реставрирање во Одделот за реставрација и конзервација на стари книги и ракописи при НУБ „Св. Климент Охридски“. Тамошната трудољубива и вешта дружина, раководена од директорката Зорица Јаковлевска-Спировска, мошне успешно го исчисти и оцелови овој бигорски документ од крајот на XIX  век, и благочестиво ги понесе сите трошоци за негова реставрација, за што на сите нив им ја искажуваме нашата безмерна благодарност.

Ова писмо на игуменот Гавриил е всушност окружен повик која се однесува на манастирската слава на Водокрст и Богојавление. Веројатно вакви писма биле пратени до сите села каде што постоело т.н. кумство на светиот крст, но до нас стасал само овој примерок, упатен до христијаните во селата Велебрдо и Ростуше. Во продолжение го наведуваме целото писмо преведено на современ македонски јазик:

„Дебарски Манастир „Св. Јован Претеча“
2-ри Јануари 1898 год. Бр. 32
Себлагоговејни во Христа
Отци и возљубени браќа
христијани од с. Велебрдо и Ростуше!

Чест имаме од името на Крстителот Господов Јован срдечно да Ве поздравиме  и да Ви ги честитаме „Новата година и светлото Богојавление“, посакувајќи Ви да ги поминете со душевна радост и да ги пречекувате за многу години. Притоа љубезно Ве молиме да благоволите да дојдете на гости според обичајот, и да го подарите Вашиот срдечен поклон за ова Ваше Свето место, а за тоа св. Јован ќе ви отплати илјадакратно и ќе Ве обдари со мирен живот, крепко и весело здравје, со дар и напредок во работите и душевно спасение. Со срдечен поздрав Ве оставаат,

Вашиот во Христа молитвеник,
Св. Јовановиот Игумен,
Архимандрит Гавриил со браќата“

Ова мало, едноставно, но прекрасно писмо ни открива големи работи; тоа, пред сѐ, сведочи за некогашниот многу богат христијански духовен живот во овие краишта на Мијачијата; ни укажува на древниот характер на традиционалното бигорско бдение во ноќта спроти Водокрст, кога „според обичајот“ во манастирот доаѓале мноштво христијани од сите Рекански села и пошироко, заедно со кумовите на крстот; претставува и една своевидна потврда за големата почит и љубов што локалното население ја негувало кон ова негово „Свето место“, помагајќи го редовно, сообразно со своите можности.

Нека ова старо Бигорско послание биде дополнителен поттик за сите што потекнуваат од овие преубави, но за жал духовно осиромашени краишта на нашата татковина, да се угледаат на непоколебливата и славна вера на нивните предци, и на нивната пожртвувана љубов кон православните светињи. „А за тоа св. Јован ќе им отплати илјадакратно и ќе ги обдари со мирен живот, крепко и весело здравје, со дар и напредок во работите и душевно спасение“. Амин!

 

Извор: Бигорски манастир


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная