На 19.01.2014 кога Православната црква го празнува Големиот Христов празник - Богојавление, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи света Василиева Божествена Литургија во црквата на Рождество на Пресвета Богородица во Скопје заедно со свештеници од Скопската епархија.
По отслужената Литургија се изврши Голем Богојавленски водосвет и верниците се упатија кон р. Вардар каде беше положен Крстот за осветување на водите.
Бог се јави!
Навистина се јави!
Извор: Скопска епархија