На 09.01.2014 година на денот кога Православната црква го слави св. архиѓакон и првомаченик Стефан, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Кумановско - осоговски г. Јосиф служеше Архиерејска Литургија во храмот Св. Петка во н. Црниче.
Од името на свештенството, монаштвото и верниот народ на Скопската епархија му го честитаме именденот на нашиот Архипастор и молитвеник пред нашиот Бог, Господ Исус Христос.
НА МНОГАЈА ЛЕТА БЛАЖЕНЕЈШЕЈ ВЛАДИКО!
Извор: Скопска епархија