-
Со што се фали сатаната? Со тоа дека станал против Бога и така се лишил себеси од вистински живот? Да се фали некој со сопствената смрт,како што некои самоубијци високо ја подигнале чашата со отров ,како да е трофеј? Со што се фалиш сатано? Со својата сопствена лага, со тоа дека со своето змиско ласкање ги излага луѓето,дека ги соблазни со слики на грев,ги привлече,со луминесцентните мочварни ,,огнови“во мочуриште? Дека го распали пламенот на пеколот во кој самиот ќе гориш вечно?
-
Со што се фалиш? Со злобата од која вриеш полнејки ја земјата со потоци крв и солзи? Твојата поранешна љубов кон Бога се сменала во немоќна омраза, твоето дишење станало смртоносно зло. Како мртва вода,која потекува од пеколот, ги труеш со злоба срцата на луѓето. Со што се фалиш сатано? Силен си не со својата сила,туку со нашата немоќ.
-
Молитвата на духовно силните те гори како со оган. се плашиш од молитвениците ,како ѕвер од распламтен факел. Силниот не лаже:тој го поразува својот противник со својата сила ,а ти го победуваш со лага. Иако си цар,владееш над грешници во пеколот. Во што е тогаш твојата слава? Ако си силен ,зошто толку долго и нечесно се бориш со мене, немоќниот, ништожен црвец? Зарем тоа не е срам за твојата сила?
- † ДУХ ЖИВОТЕН- Архимандрит Рафаил Карелин †
Извор: Слово против сектите