Исклучително важно и неопходно за спасение на душата на секој Христијанин е причестувањето со Светите Тајни, и тоа што почесто, тоа подобро!
Да бидеме во смут и недоумица заради својата недостојност и заради тоа да се отклонуваме од причестувањето со Светите Тајни - грев е.
- Кога и океанот со солзи би го исполниле, ниту тогаш не би можеле да Му се одолжиме на Господа за она што Тој врз нас бесплатно го излева. Благодатта која нам Ни ја дава преку Светото Причестување толку е голема, што човек кога би бил и уште толку понедостоен и грешен, би се очистил и обновил, само ако со смирение и свесност за својата грешност пристапува пред Господа.
Свети Серафим Саровски
26-ти декемви, лето Господово 2013
Подготви: Мина Даниловска