Премин Портал

Кожувчанка

 


 Monah.z.jaka.jpg

 Светол и мрачен крст

  • Во многувековната човекова трагедија се крие по еден крст за секој од нас. Неговите причини понекогаш се наоѓаат надвор од нас, во општеството или природата, а понекогаш во самата човечка склоност кон гревот, кој човекот го одвлекува во болни падови. Понекогаш пак, причините се резултат на нашето војување со злото кое владее во светот.


Крстот може да биде реалност за нашето семејство, или нашата работа, или пак нашата положба во општеството, а може и да нè снајде преку нашето телесно, душевно и духовно здравје, или да се сруши врз нас преку серија на вратоломни несреќи што го поткопуваат самото наше постоење.

Значи, дали овие крстови се јавуваат поради нашите сопствени гревови, каков што бил случајот со крстот на разбојникот? Дали ни се дадени за да ја искушаат нашата вера, каков што бил крстот на многутрпеливиот Јов, или пак за да го зајакнеме нашето уверување? Нема смисол до толку да ја истражуваме конкретната причина за нашата болка или, уште почесто, причината за долготрајното искушение во нашиот живот.

Но, бидејќи сме го прифатиле крстот, каков и да е, има причина да го искористиме за да напредуваме во доброто. А доброто – тоа е богопознанието и заедничарењето во животот вечен.

  • На овој или оној начин, човечкиот живот е крст. Ова важи и за оној кој верува, и за оној кој не верува, за праведниот и неправедниот, за оној кој успеал во општеството, и оној кој се наоѓа на маргините на истото. Меѓу нив постои само една единствена разлика, и таа лежи во присуството на смисол во согледувањето и доживувањето на вистинскиот живот зад неговите пројави. Така постои крстот кој живототвори. Тоа е крстот на оние кои се гладни и жедни за правда. Постои и мрачен крст, а тоа е крстот што ја претставува духовната смрт, крстот на разбојникот од левата Христова страна. Разликата меѓу нив ја прави и определува човечкото настроение.


Неопходно е да водиме сметка за следното: да не, можеби, крстот и неподносливата болка произлегуваат од нашата сопствена злоба. Егоизмот, зависта, неправедноста, лагата, богатењето и пред сè, непокајанието, односно нашето свесно и цврсто врзување за злото, творат крст на којшто ние самите себе се распнуваме, а Бог да не го сака тоа. Човечката злоба, во секој свој облик, претставува смрт и мрак. Со изборот на местото на разбојникот од левата страна, нашиот крст добива предвкус на пеколот.

  • Кога го бираме местото на разбојникот од десната страна, т.е. местото кое ги отвори дверите на рајот, нашиот крст точи светотаинска благодат од царската жртва. Тој крст станува извор на вечен живот: „Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден“ (Јн. 6, 54). Но, никако не смееме да заборавиме дека во нас се наоѓа распнатиот Богочовек. Негов Крст е јаремот на праведноста. На тој начин нашиот живот засекогаш се соединил со Неговиот Крст. Тој „лежи за паѓање и подигање на мнозина“ (Лк. 2, 34). Поради тоа, преку тој Крст бива сè она што ни се случува. Тој е знак и символ на нашето спасение и нашето ослободување од сопствените страсти.


Архимандрит Христодул
игумен на светогорскиот манастир Кутлумуш

 

Извор:Агапи

1-ви ноември, лето Господово 2013


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.„И почна да зборува“- тоа го симболизира почетокот на молитвата.

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. 

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го...

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

« »

Најнови вести

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Во затворот му се јави ангел Божји и му рече: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар!“ По неколку дена...

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов  5 ноември/23 октомври  2026

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 5 ноември/23 октомври 2026

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше...

 Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври  2026

Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври 2026

Бoг му гo пoкажал мeстoтo кадe ќe сe пoдвизува. Тoа мeстo билo eдна пoлјанка крај рeката Пчиња. Oвдe св. Прoхoр...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная