Malme.osvetuvanje.jpg

19-ти октомври, лето Господово 2013 - Малме

 Malme.osvetuvanje.jpg

 Malme.osvetuvanje.jpg

    Malme.osvetuvanje.jpg

  •     Со ова дело на вашите раце покажавте дека сте чеда на богољубив народ, дека припаѓате на народ што создавал и создава дела за восхит, дела што го красат Балканот и се дел од светската цивилизација.Овој велелепен свет  храм, верувам , ќе придонесе и повеќе и подалеку да се слушне, и кој сме и од каде сме и какви сме како народ, рече во поздравната беседа Архиепископот Стефан по чинот на осветувањето на новоизградената црква Свети Наум Охридски во Малме, Шведска.

Malme.osvetuvanje.jpg

На   Светата  Архиерејска Литургија чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на   надлежниот Митрополит Европски Пимен и најстариот Митрополит Петар , како и црковни великодостојници од МПЦ ОА.

  • Со единство ќе можеме полесно да ги надминеме проблемите и искушенијаташто ги имаме на национален  и црковен план.Македонија и се што е македонско , и името и идентитетот, и културата и историјата и Црквата, насекаде и отсекаде се чуваат и се бранат, изјави Г Г Стефан на чинот на осветувањето.

Некаде околу 15 илјади македонци живеат и работат во Шведска, а денес одбележуваат ќетири децениски јубилеј од формирањето на Црковната општина во Малме.

   Malme.osvetuvanje.jpg

Malme.osvetuvanje.jpg

 

Точно пред десет години е поставен камен темелниккот на црквата, архитект е Тодор Паскали, а иконостасот е изработен во Македонија.

 

За Преминпортал: 

Јулијана Тануровска