![kozarski.jpg kozarski.jpg](/images/stories/vesti08/kozarski.jpg)
На 24.02.2008 година, кога Светата Црква го прославува споменот на свети Ѓоргиј Кратовски и неделата на Блудниот син, во МПЦО посветена на св. Ѓеоргиј Кратовски, со Светата Литургија свечено го прослави својот патронен празник.
На покана на Управниот Одбор на Црковнта Општина од Хамбург и со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, Света Литургија во чест на празникот а во присуство на голем број верници отслужи Протојерејот-Ставрофор Блажо Кожарски, парохиски свештеник во МПЦО Свети Наум Охридски – Малме –Шведска. По Светата литургија се изврши и благословување на славскиот леб припреман од фамилијата на Момчило Коцев. За идната година домаќин ќе биде фамилијата на Ацо Николовски од Хамбург.
Прота Блажо најпрвин ги пренесе благословот и поздравите по повод храмовиот празник до верниците од страна на надлежниот архиереј Митрополитот Европски г.Пимен, како и од верниците и Управниот Одбор на МПЦО Свети Наум Охридски – Малме. Потоа зборуваше за житието на Свети Ѓорги Кратовски и неделното Свето евангелско четиво за Блудниот син. Го најави и поставувањето на редовниот парохиски свештеник за МПЦО Свети Ѓоргиј Кратовски – Хамбург, Свети Спас –Лацен –Хановер и Свети Климент Охридски –Берлин во лицето на отец Дејан Трајков од Скопје , Република Македонија.
Во попладневните часови во организација на Управниот Одбор на МПЦО Свети Ѓоргиј Кратовски од Хамбург се одржа прослава -сенародна веселба и беше поставена трпеза за сите присутни.
За одбележување е да споменеме дека на Света литургија и прославата присуствува: г.Ханс Јурген Бöсцх почесен конзул на Република Македонија во Хамбург, преставници на МПЦО Свети Спас Лацен Хановер, од Холандија, околните градови на Хабург и др.
По молитвите на Светиот Ѓорги Кратовски. Господи Исусе Христе Боже наш смилувај се на нас.
Претседател на МПЦО Св. Ѓорѓи Кратовски, Васе Шопов
Текст: о. Блажо Кожарски
Посети:{moshits}