Ректорот на УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски, и деканот на ПБФ проф. д-р Ацо Гиревски во посета на Софискиот Универзитет
Делегација во состав на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски и деканот на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“проф. д-р Ацо Гиревски, протоереј-ставрофор на 26 и 27 септември 2013 година беа во посета на Универзитет „Свети Климент Охридски“ и на истоимениот Православен богословски факулте во Софија.
- На Софискиот Универзитет делегацијата зеде учество на Ректорскиот семинар на тема: „Правилна распределба на одговорности: Универзитетот и Општеството во обезбедување финансиска стабилност на високото образование во рамките на 125-годишнината од постоењето на Софискиот Универзитет, Софија 27-28, 2013 година, во организација на UNICA (Мрежа на универзитети од главните градови на Еврипа). На Ректорскиот семинар имаше повеќе од 70 учесници, а семинарот го отворија Ректорот на СУ проф. д-р Иван Илчев и градоначалничката г-ѓа Јорданка Асенова Фандкова на Софија.