Светиот Aрхиерејски Синод на Македонската Православна Црква на својата редовна седница одржана на 17 септември 2013 г., разгледа повеќе прашања од актуелниот живот на Црквата. За пополнување на новоформираната Тетовско - Гостиварски православна епархија, со седиште во Тетово, со титула Митрополит Тетовско - Гостиварски, Светиот Синод го избра Неговото преосвештенство, досегашниот Епископот велички г. Јосиф.
Интронизацијата на новопоставениот епархиски архиереј ќе биде на 3 ноември во Соборниот храм „Светите Кирил и Методиј“ во Тетово.
Господ да му даде мудрост и сила правилно да раководи со Словото на Неговата Вистина.
На многаја и благаја лета, Ваше Високопреосвештенство!