Светиот Aрхиерејски Синод на Македонската Православна Црква на својата редовна седница одржана на 17 септември 2013 г., разгледа повеќе прашања од актуелниот живот на Црквата. За пополнување на новоформираната Кумановско-осоговска православна епархија, со седиште во Куманово, со титула Митрополит Кумановско-осоговски, Светиот Синод го избра Неговото преосвештенство, досегашниот епископ Лешочки г. д-р. Јосиф.
Интронизацијата новопоставениот епархиски архиереј ќе биде на 10 ноември 2013 г. (недела), во соборниот храм „Свети Никола”, во Куманово.
Господ да му даде мудрост и сила правилно да раководи со Словото на Неговата Вистина.
На многаја и благаја лета, Ваше Високопреосвештенство!
Извор: http://josif.mk/?p=1235&lang=mk
Од свештенството и верниот народ на Светата Кумановско-осоговска Митрополија
![Share Button](http://static.hupso.com/share/buttons/dot.png)