(20.08.2013 10:15)
На 6 август Одескиот и Измаилски Митрополит Агатангел освети храм посветен на св. преподобномаченичка Елисавета (Фјодоровна). Храмот е изграден на територијата на Одеската локална детска кожно-венерична болница. Во него ќе се служат богослужби и за глувонеми, соопшти „Православна Одесса“, цитирана од Православие.ру.
Во престолот на храмот е положена честица од моштите на св. Максим Римски.
Во своето архипастирско слово Митрополитот истакна дека во Одеската епархија, благодарение на конструктивната соработка на Црквата и месната власт, во многу од медицинските установи се изградени храмови, каде лекарите и пациентите можат да се помолат и да побараат исцеление од Бога.
Во новоосветениот храм ќе богослужи свештеникот Светослав Минаев, кој го знае јазикот на глувонемите.
Извор: Dveri.bg
Преземено од : МПЦ-ОА