Во месноста Црвен брег кај Берово денеска започна изградбата на нов православен храм посветен на „Свети Гаврил Епископ Велички Светогорец Македонски“, јави МИА.
Камен-темелникот на црквата го положи амбасадорот на Руската федерација во Република Македонија Шчербак Олег Николаевич, а го освети и градбата ја благослови неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македоснки г.г. Стефан. Притоа поглаварот на МПЦ-ОА истакна дека треба да се чуваат и негуваат традициите на македоскиот народ, а особено да се негува традицијата на многудетни семејства, кои ќе бидат идните носители на животот во државата и црквата македонска.
Гостите и присустните на настанот од името на градот домаќин ги поздрави градоначалникот на Берово Драги Наџински.
На осветувањето на камен-темелникот на црквата присуствуваа илјадници беровчани, голем бврој туристи од земјава и станство, како и претставници на сите монашки сестринства и братства од повеќе манастири на МПЦ-ОА.
Извор: http://daily.mk/forward/2288817/zapochna-izgradba-na-nov-pravoslaven-hram-vo-berovo