
Излезе од печат вториот број од илустрираната едиција „Библиски Настани“ во кој е обработен расказот за Јосиф.
Расказот за Јосиф е вистински приказ за силната и непоколеблива вера и надеж во Бога, во Кого, и покрај тоа што бил продаден од своите браќа, паднал во ропство кај незнабожци, бил искушувамн во домот на Петефри, па бил наклеветен и фрлен во затвор, никогаш не престанал да верува и да се надева, а Бог секогаш му помагал да се избави од страдањата и да победи.

