свети Теофан Затвореник
Испитувај се себеси при секое изладување, да не е твоето срце врзано за нешто страсно, или да не си подлегнал на самоуверението и мислиш дека си нешто повеќе од другите. Или, можеби да не бараш - во суетна самодоверба – сам, преку сопствени средства да достигнеш совршенство? – Тоа се најчестите причини за изладувањето. Штом довербата и надежта во Бога, макар и незабележливо се намалени, сè поаѓа наопаку. Тогаш Господ се повлекува назад и вели: остани со она во што се надеваш. На изладувањето обично му претходи некаква врзаност на срцето. Штом срцето или умот за нешто страсно се врзат, враќањето во себе е оневозможено. Тогаш потребно е срцето по секоја цена да се оддели од соодветниот објект. Зашто секое страсно врзување за луѓе и за предмети одделува од Бога.
Затоа ревнувај за своето спасение и чувај се најстрого од изладување; тоа започнува со заборавеноста. Ги забораваме Божјите добрини и Него Самиот, ја забораваме сопствената состојба, ја забораваме опасноста од живеење без Бога, ја забораваме и смртта; целата духовна област во нашиот живот се затвора, исчезнува. А кога сè ќе заборавиме, тогаш срцето се изладува и чувството за духовност пресушува. Покрај тоа, прво се запоставуваат духовните активности, а потоа сосема се отфрлаат. Запаѓаме во нечувствителност, невнимание и површност; Го забораваме Бога, смртта и Страшниот суд и му служиме само на своето сладострастие. Тоа е празен живот (свети Теофан Затвореник).
Извор:
Не врзувај го своето срце за ништо друго, освен за Бога (св.Теофан Затворник)
26-ти јули, лето Господово 2013