логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Angel.beseda.jpg

Недела трета по Педесетница
 
Евангелие според Матеј зачало 18
                                        Матеј 6,22-33
 
Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух,
 
Господ Исус Христос, драги браќа и сестри, примил човечко тело од Пресветата Дева Марија и постанал Богочовек, пострадал и вкусил смрт, но со Божјата моќ ја победил смртта и воскреснал за да ни подари царство небесно. А во царството небесно можеме да влеземе само со чисто срце, срце измиено со солзите на покајанието и исповедта. Христос го отворил царството небесно со големи страдања и маки, а од нас за возврат бара само срдечно покајание и препород кон доброто во духовниот живот. Затоа во денешното прочитано Евангелие ни препорачува и ни вели: “Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло; ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е тем¬нина, тогаш каква ли ќе е темнината?  (Матеј 6,22-23)
Очите човечки се прозорецот на телото кон надворешниот свет. Преку нив телото знае за светлината и ја препознава, а го препознава и светот околу себе. Па затоа тие се водачи на човековото тело и ако тие затемнат, тогаш за телото се затвараат сите патишта на виделината и настанува темнина. Но внатре во човекот станува светло или темно, весело или тажно, мирно или возбудливо секогаш зависно од неговото срце, зашто погледот на окото се задржува во срцето и тоа духовно ги преживува сите негови видици. Затоа во Евангелието се истакнува: “Ако светлината што е во тебе”, односно во твојата внатрешност, сакајќи Господ преку сликата за окото нашата мисла да ја насочи во внатрешноста на човекот, во срцето, во умот и душата човекова. Внатре во човекот постанува светло, ако неговото духовно око – срцето и душата чо¬ве¬кова се чисти, светли и измиени од гревот, секогаш вперени кон Бога за да ја примат Него¬вата светлина (Јован 8,12) и да постанат наша светлост. Тоа е нај¬големото бла¬женство – да имаме блажени очи кои ќе Го гледаат Бога (Ма¬теј 13,16).

Angel.beseda1.jpg
Понатаму Господ во денешното Евангелие ни вели: “Никој не може да им слугува на двајца господари: оти, или едниот ќе го замрази, а другиот засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамона. (Матеј 6,24) Еве го пред нас, благочестиви хрис¬тијани, претставено човечкото рас¬пнување помеѓу доброто и злото, помеѓу добродетелта и гревот, помеѓу Бога и ѓаволот, помеѓу небесното и земното и помеѓу духовното и материјалното. Не можеме да Му служиме на Бога и на ѓаволот, на Бога и на Мамона (незнабожечки бог на богатството), на Чистиот и нечистиот, да им служиме на два спротивни господари кои немаат ништо заедничко. Не можеме да Го сакаме Бога, а постојано да грешиме, ниту пак да му угодуваме на ѓаволот правејќи добри дела. Секогаш се определуваме и при¬врзуваме кон едниот или другиот и нему му угоду¬ваме. Но наша цел, целта на нашиот живот и спасение е да се приврземе и да Му угодуваме на Бога, па да постанеме боголики, богоподобни и богоугодни.
Затоа ви велам: продолжува да говори Спасителот Господ Исус Христос, немојте да се грижите за душата – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини душата повеќе од храната, и телото - од облеклото? Погледајте ги птиците небески; тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат; но вашиот Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив? А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакот? Зошто се грижите и за облеката? Погледајте ги полските кринови како растат: не се трудат, ниту предат; но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече така, како еден од нив; па, ако полската трева, што денеска постои, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, а колку повеќе вас, маловерни!? Па затоа не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или во што да се облечеме? Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба. (Матеј 6,25-32)
Во овие стихови изразот “душа” го означува човечкиот живот. Но, што претставуваат овие Христови зборови? Дали Господ преку овие евангелски зборови ни забранува да се грижиме за нашата исхрана и облеку¬вање и зарем храната и облеклото не се основните потреби на нашето тело? Дали Господ преку овие зборови н# учи на неработливост и безгрижност кон прибавувањето на нашите елемен¬тарни потреби? Не, возљу¬бени браќа и сестри. Господ не ни забранува да се грижиме за нашето тело, туку напротив во Светото писмо ни вели: “Никој не го намразил своето тело, туку го храни и го сто¬плува” (Ефес. 5,29). Ниту пак, Господ не учи на неработливост и безгрижност, зашто во Светото писмо ни вели: “Кој не сака да работи, нека и не јаде” (2.Сол. 3,10). Господ ја забранува и осудува само претераната и прекумерна грижа за јадењето, пиењето и облеката, зашто таа е израз на нашето маловерие и е бесмислена без Божјата промисла и помош. Господ ја укорува претераната приврзаност кон земното, која го одвраќа нашето внимание од небесното. Ако прем¬ногу се грижиме за земното, ние се одвраќаме од Бога и од вербата во Неговата помош. Токму затоа, давајќи ни ги за пример птиците небески и полските кринови сака да ја упати нашата мисла кон Бога како промислител, Кој се грижи за се во светот, а најмногу за човекот кој е создаден според образот Божји. Бог со Своето сезнаење, премудрост и промисла води сметка за секого од нас и за се што ни е потребно во нашето постоење.
Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата Правда, и се ова ќе ви се придаде. (Матеј 6,33) Ете ја врвната вредност за која треба да се избориме. Ете ја нашата постојана грижа по која треба да тежнееме. Бадијала ни се земните богатства, ако не го здобиеме царството небесно. Сите земни богат¬ства се привремени и пропадливи, ниту пак во гроб ќе ги однесеме, а царството Божјо е вечно, царство на сите векови (Псал. 144,13). Затоа во нашите молит¬ви, преку нашите мисли и дела треба најнапред да го бараме Божјото царство, а сето друго, сите телесни потреби ќе ни се придодадат. Се друго: јадењето и пиењето, облеклото и материјалните добра се додатоци на царството Божјо. Затоа нашите души и срца да ги исполниме со Божјиот мир, со Божјата правда, со Божјата вистина и љубов, та и ние да воскликнеме како светиот апостол Павле: “С# можеме преку Исуса Христа, Кој не крепи” (Фил. 4,13) сега секогаш и во вечни векови, амин.

Angel.beseda1.jpg


Свештеник Ангел Сердарски- хран на св. пророк Илија, н. Аеродром, Скопје

 Angel.beseda1.jpg

 

 

 Друго:

 Божествена Литургија во храмот на св. пророк Илија, Аеродром (14.07.1023)

 Божествена Литургија во храмот на св. пророк Илија, Аеродром (13.06.1023)

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

« »

Православен календар

 

18/08/2024 - недела

Преображенски и Богородичен пост;( пост на масло)

Св. маченик Евсигниј; Св. свештеномаченик Фавиј (Фавијан), папа Римски; Св. мач. Понтиј; Света Нона;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. праведен Евдоким 31 јули / 13 август 2024

Тропар на св. праведен Евдоким 31 јули / 13 август 2024

Оној Кој те повика од земјата кон Небесните населби,Тој и по смртта го сочува неповредено телото твое,о свети Евдокимети во...

Тропар на светите Христови апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник 30 јули / 12 август 2024

Тропар на светите Христови апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник 30 јули / 12 август 2024

Петтобројниот хор на Христови Апостолисо пофални песни да го восфалимеСила, Силуан, Крискент, Андроник со Епенет,зашто тие идолската прелест ја разобличија,а...

Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

Душата без Љубов животот не го поима,во таква вистина патот ти го помина,о свети мачениче Калиниче,сакајќи да го избавиш човекот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная