Втор циклус на предавања по Православна христијанска веронаука во Кривопаланечкото архиерејско намесништво
Со предавањето одржано на 28 април 2013 година во соборниот храм „ Свети великомаченик Димитриј“ Крива Паланка на тема Страстната седмица и Воскресението Христово заврши првиот циклус предавање по Православна христијанска веронаука на која беа опфатени дванаесет општи теми од Православниот катихизис.
По Воскресението Христово, односно на Антипасха (12 мај 2013) започна вториот циклус на предавања на кој започна да се обработуваат основните вистини на Православната христијанска вера. На првите шест предавања беа обработени следниве теми: Создавањето на светот и човекот, Декалог, толкување на прва и втора Божја заповед, толкување на трета и четврта Божја заповед, толкување на петта и шеста Божја заповед, толкување на седма и осма Божја заповед. На предавањата на присутните покрај изложените теми, меѓу другото им беше објаснето и суштината на празникот кој се славеше на денот на кој се одржуваше предавањето, како и важноста од исповедта и причеста.
Во вториот циклус на предавања освен толкувањето на Десетте Божји заповеди, ќе бидат обработени и Блаженствата, молитвата Оче наш и Символот на верата.
На предавањата беше присутна регионалната телевизиска станица Златен Канал, која ги сите часови поврзани со толкувањето на Десетте Божји заповеди.
Крива Паланка