логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Св. Наум Охридски-Чудотворец на Попова Шапка (03.07.2013)



Денес, 03 јули 2013 год., на патрониот празник посветен во чест на Св. Наум Охридски -Чудотворец во манастирскиот комплекс на Попова Шапка, Света Божествена Литургија отслужи Неговото Преосвештенство Епископот Лешочки г. д-р Јосиф во сослужение на братското свештенство од Тетовското Архиерејско намесништво а во присуство на голем број верници од тетовско и пошироко.  На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Веднаш потоа Неговото Преосвештентво Епископот Лешочки г. д-р Јосиф ги Благослови и прережа кумските колачи принесени од овогодинешните кумови.

 

 

 

 

 

 

 

 

 Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух,

Секој народ во својата историја има личности кои што се од исклучително значење, како за него, така и за сите народи во светот – соседни, но и подалечни.

Секој народ, со гордост се сеќава на таквите личности, верно го чува нивниот спомен, и достојно ги одбележува деновите кои што се посветени за нивниот спомен. Така е и со нашиот народ!

Денес, сме собрани во овој храм, не само достојно да го одбележиме споменот на Свети Наум – охридскиот чудотворец, туку и да го одбележиме патронот на овој храм, кој што е изграден во негова слава.

Возљубени во Господа,

Делото и животот на свети Наум Охридски, се длабоко вткаени во духовно-просветниот живот на Македонија. Како основач на монаштвото на нашите простори, тој длабоко го поставил темелот на Христовата вера кај нас.

Свети Наум е од исклучително значење за духовниот живот кај нас, но исто така, неговата просветителска дејност, претставува универзална придобивка за сите словенски народи. Делото на неговите учители, светите браќа Кирил и Методиј го продолжил и надоградил, описменувајќи ги и христијанизирајќи ги словенските народи, со богатата издавачка дејност од манастирот на светите Архангели, кој што сам го изградил на брегот на Охридското езеро. Тој се повлекол далеку од Охрид за тогашни услови, но допрел и до најоддалечените места каде што имало словенски народ, образувајќи му црковници и духовници, препишувајќи и преведувајќи му духовна литература, но, создавајќи и оригинални духовни творби. Неговиот придонес во описменувањето и христијанизирањето на словенските народи продолжува до денешен ден со фактот што и денес неговиот манастир претставува духовен центар, каде што покрај неговиот гроб многу народ наоѓа духовно и телесно исцеление.

Самото повлекување од Охрид и градењето на нов духовен центар од другата страна на езерото има исклучително значење. Бегајќи од светот и повлекувајќи се во тишина, Свети Наум уште повеќе се доближил до душата на секој човек.
Тој, длабоко осознавајќи ја целта за која што сме создадени – да живееме во Христа, да ги оставиме сите земни грижи, не повикува да се уподобуваме на Бога, зашто носиме образ Божји. А се уподобуваме на Христа ако ги пазиме Неговите заповеди и ако го следиме примерот на Божјите угодници. Тоа значи да правиме дела што му се угодни на Бога, духовно да ја надоградуваме Црквата по примерот на свети Наум, бидејќи само во Црквата го наоѓаме спокојот за нашите души.
Така, и во денешното свето Евангелие слушнавме за силата која ги лечи сите болести, таа сила која излегуваше од Христа, денес Бог изобилно ни ја дава преку молитвите на Свети Наум и секој кој со вера се допира до неговиот гроб оздравува, од каква болест и да боледува.

Во Христово време мноштво народ од цела Јудеа и од Ерусалим, од приморјето Тирско и Сидонско доаѓаа при Христа на гората и ја слушнаа проповедта на блаженствата. Така и денес во сите храмови на Македонската Православна Црква, верниот народ ја добива благодатта на Пресветата Троица и се радува и весели бидејќи знае дека го има Свети Наум за свој застапник пред Бога.

Драги браќа и сестри,

Денес кога со љубов го празнуваме споменот на свети Наум Охридскиот чудотворец, него го молиме да биде наш застапник пред Бога, и како вистински столб на верата да го води нашиот народ низ историските премрежја, бидејќи само со Бога можеме да одолееме на сите искушенија кој ни ги носи утрешниот ден.

Да се наоружиме со испоснички подвизи и да се покажеме како прекрасно живеалиште на Светиот Дух. Наоѓајќи се во периодот на петровите пости, да го смириме телото, па така подготвени да го дочекаме нивниот крај, а во нас да се всели Единосуштната Троица.

По молитвите на Светиот Наум Охридскиот чудотворец, Господи Исусе Христе помилуј не! Амин!

 

 

 

Извор: Полошко- кумановска епархија

  http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=5723

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная