На 29.05.2013 година (Преполовение/ преп. Теодор Освештен) со почеток во 08,15 ч. во манастирската црква на св. вмч. Геориј, во Скопје,о. Горан Тасески ќе отслужи Божествена Литургија.Молитвите што ќе се упатат, преподобен Теодор Освештен да ги принесе пред престолот на Севишниот Бог, за здравје на нашето семејство и целиот македонски народ.
По молитвите на св.вмч.Георгиј, Господе Исусе Христе помилуј не.
+++
Да ги очистиме сетилата и Христа да го видиме во непристапната светлост
на Воскресението како Блеска, и пееќи ja победната песна јасно да Го
слушнеме како вели : радувајте се!
+++ Христос Воскресна – Навистина Воскресна!
Со Божји благослов од свештенослужителот при храмот о. Горан Тасески
Не знам кој може за себе да каже дека добро ја познава православната вера. Само оној кој успеал да го засака својот ближен како себе и да го сака Господ со сето свое срце, разум и мисла, само таков кој ја има љубовта Божја, добро ја познава верата!