логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 

На Воскресение Христово – втор ден (6.05.2013 г.), Неговото Преосвештенство епископот Лешочки г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Ѓорѓи во с. Дељадровце. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.



 

 

 

 

 

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
V.Josif.Leshok.jpg
Бога, никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, кој што е во крилотo на Отецот, Тој Го објави.

Ова се зборовите со кои што крстителот Господов го проповедаше доаѓањето Христово во светот. Радоста на Израилот беше голема кога Ветениот Месија дојде меѓу своите, но таа радост не траеше долго, наместо небесно народот очекуваше земно царство, наместо вечно блаженство народот очекуваше моментално задоволување на желбите. Спасителот на светот беше распнат од оние за кои што дојде да ги спаси од ропството на гревот, беше распнат и убиен, и како мртовец беше положен во гроб.

Но, возљубени го Господа, само три денови после погребението Христово, Тој им се јави на неговите ученици во полна слава и таа радост никој и никогаш повеќе не може да им ја одземе. Таа радост им дава моќ и сила на учениците Христови, да можат да го проповедаат словото Божјо меѓу безбројните непријатели и да можат да ги издржуваат страшните мачења на мачителите. Радоста на учениците Христови е толку голема, зашто со свои очи го видоа Божественото лице Господово, лице кое само пред три дена беше покриено со завесата на смртта. Радоста на учениците е толку голема, зашто со свои уши ги чуjа зборовите на Спасителот се сврши, а само по три дена Тој повторно им вели Радувајте се. Радоста на учениците е толку голема, зашто пречистото тело Господово, кое што пред три дена со свои раце го погребаа, сега го гледаат пред нив како поминува преку заклучена врата.

Затоа и ние, драги браќа и сестри сме радосни, зашто нашиот Господ Исус Христос секојдневно ни се дава во Црквата, со очи Го гледаме, со уши ги слушаме Неговите спасителни зборови и на секоја света Литургија се соединуваме со Него, не привидно туку реално.

Да се радуваме и да се веселиме во овој ден, зашто овој ден е вечен празник на вистинската радост и веселие за сите времиња и за сите народи кои веруваат во Господа Исуса Христа. Овој ден го создаде Господ, за да се зарадуваме и да се развеселиме во него, зашто овој празник е плод на неограничената љубов на нашиот Бог, кој благоизволи да го спаси родот човечки од претешкиот јарем на гревот.

Возљубени во Господа!

Денес со нас се радуваат и апостолите, се радуваат и жените мироносици. И како што тие итаа кон Гробот Христов, кога ја слушнаат веста за Неговото воскресение, со таква радост и ние да итаме кон храмовите. Со радост да се поклониме пред иконите и крстот Господов и со радост да запееме, Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи и на оние во гробовите живот им подари. Оваа радост на воскресението, да ја пренесуваме едни на други и едни со други да се поздравуваме со радосниот поздрав Христос воскресна – вистина воскресна.

А Бог на мирот и љубовта, кој што воскресна од мртвите, да не чува и да ни помага во секое добро дело, за да твориме дела што Него му се угодни, на Когo му прилега сета слава чест и поклонение во сите векови. Амин.

Христос Воскресна! 

 

  Извор: http://josif.mk/?p=944&lang=mk#more-944

  06.05.2013 год.

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

19/06/2026 - петок

Петровденски пости;( строг пост)

Преподобен Висарион; Преподобен Иларион Нови; Преподобните маченички Архелаја, Текла и Сузана;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная