ПАСХА -
ВЕЛИГДЕН
Овој ден го создаде Господ! Да се радуваме и развеселиме во
него!
Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи
и на
тие во гробовите
живот им подари!
Ден е на воскресение, да се
просветиме, луѓе, Пасха, Господова Пасха, од смртта кон животот и од земјата кон
небото, Христос Бог нè преведе, пеејќи ја победната песна.
Пасха свештена
денес ни се покажа, Пасха нова, света, Пасха таинствена, Пасха сечесна, Пасха –
Христос Избавител, Пасха непорочна, Пасха велика, Пасха на верните, Пасха ни ги
отвори вратите рајски, Пасха ги осветува сите верни.
Пасха прекрасна, Пасха,
Господова Пасха, Пасха сечесна ни заблеска, Пасха! Радосно еден со друг да се
прегрнеме. Пасха, избавување од болката, зашто од гробот, денес како од брачна
одаја ни заблеска Христос и жените со радост ги исполни велејќи: Благовестете на
апостолите!
Ден е на воскресение, да се просветиме со торжество. Еден со
друг да се прегрнеме и да им речеме „браќа“ и на оние кои нè мразат, да простиме
сè со воскресението и така да запееме: Христос воскресна од мртвите, со смртта
смртта ја победи и на тие во гробовите живот им подари.
Воскресна Утрена
Дојдете, примете светлина
од невечерната Светлина и прославете Го Христа, Кој воскресна од
мртвите.
Воскресна служба
Читање од Светото Писмо:
Свето Евангелие по Марко 16, 1-8
Подготви: А.Л.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)