Божествениот Отец, благоустројувајќи ги сите твари, со прикладниот поредок на
читање од светите Посланија и свето Евангелие ни дава четири случувања на кои се
сеќаваме во Великиот четврток: светото дело на миење на нозете на апостолите,
Тајната вечера (кога е востановена светата Тајна Причест), најпрекрасната и
најусрдна молитва и предавството.
Синаксар
Поучувајќи ги пријателите свои на Тајните, вистинската Премудрост
Божја ја подготвува трпезата која ја храни душата и подготвува за верните чаша
вино за живот вечен. Побожно да пристапиме и да воскликнеме: Христос Бог наш е
величествено прославен.
Како браќа во Христа, да стекнеме братољубие и да не
оскудеваме во сожалување спрема ближниот за да не бидеме заради пари осудени
како немилостивиот слуга и да се каеме залудно како Јуда.
Велик
четврток,
Служба на Дванаесетте страсни Евангелија
Да се приближиме со страв до таинствената трпеза и со чисти души
да го примиме Лебот; да останеме покрај Владиката, за да Го видиме Оној Кој ги
мие нозете на своите ученици и ги брише со крпа; да правиме како што видовме,
покорувајќи се меѓусебно и миејќи си ги нозете еден на друг. Зашто таква заповед
Христос им даде на Своите ученици, но Јуда, роб и лажливец, не ја
послуша.
Утрена, Велик четврток.
Читање од Светото Писмо:
Утрена служба:
1 Послание до
Коринтјаните 11, 23-32
Свето Евангелие по:
Матеј 26, 2-20
Јован 13,
3-17
Матеј 26, 21-39
Лука 22, 43-45
Матеј 26, 40; 27, 2
Подготви: А.Л.
Велики Четврток 01.04.2010
Главно за овој значаен ден од Страдалната седмица е дека Господ тогаш ги востанови двете суштествени тајни за нашето спасение: Светата евхаристија (на Тајната вечера: „Земете, јадете, ова е телото Мое кое за вас се прекршува за отпуштање на гревовите! Пијте од неа сите. Ова е крвта Моја која за вас и за мнозина се излева за отпуштање на гревовите! Правете го ова во Мој спомен“.) и Исусовата молитва („...Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви се даде“ (Јован 16, 23). „И што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам за да се прослави Отецот во Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам...“, Јован 14, 13 - 14). Со други зборови, на Велики Четврток почнува светотаинскиот живот на Црквата. Денот започна со Христовите последни поуки за карактерот на љубовта што треба да ја стекнеме ако сме Негови, Неговото смирение; се памти миењето на нозете на апостолите што го направи Сам: „Ако Јас, Господ и Учител ви ги измив нозете, тогаш сте должни и вие еден на друг да си ги миете нозете“ (Јован 13; 14). А заврши со предавството на Богочовекот Исус Христос на првосвештениците и фарисеите, извршено од Јуда Искариот, еден од бројот на Дванаесеттемина најблиски Христови ученици.