Во
средата од Страсната седмица светите отци одредиле да се врши сеќавање на жената
која со миро го помазала Христа и така го подготвила за погреб; и на Јуда
предавникот, кој одлучи да го предаде својот Учител за 30 сребреници.
Синаксар
Додека жената грешница донесе миро,
ученикот се договараше со беззакониците. Таа се радуваше да излее скапоцено, а
тој побрза да го продаде Оној Кој е непроценлив. Таа Го призна Христа како
Господ, а тој се одлачи од Владиката. Таа стана слободна, а Јуда роб на
непријателот. Тежок беше неговиот недостиг на љубовта! Големо беше нејзиното
покајание! Дај ми и мене такво покајание, Спасителу, кој заради нас страдаше и
спаси нè!
Утрена, Велика среда
Молитва на Великото
Елеосветување:
Господи, Кој со милоста и милосрдието свое ги исцелуваш
страданијата на нашите души и тела, Ти сам, Владико, освети го овој елеј, за на
оние кои се помазуваат со него да им биде за исцеление и одстранување на секоја
страст и нечистотија на телото и духот и секое зло, за и во ова да се прослави
Твоето пресвето Име на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во
вековите на вековите. Амин.
Во Великата среда се прави Велико Елеосветување.
Подготви: А.Л.