На 28.04.2013 година (ЦВЕТНИЦИ) со почеток во 17 ч. свештеничкото братство при црквата Св.вмл. Димитриј во Скопје, го повикува верниот народ да дојде и да присуствува на Акатист посветен на св.вмч. Димитриј по повод Божјото чудо што се случи врз фреските и иконите, на денот кога Господ Исус Христос влезе во Ерусалим(на Цветници 2012 година) По Акатистот ќе се благословат петолебијата.
Молитвите што ќе ги упатиме, св.вмч. Димитриј да ги принесе пред престолот на Севишниот Бог за наше здравје, и за здравје на нашето семејство и целиот македонски народ.По молитвите на св.вмч. Димитриј, Господе Исусе Христе помилуј не.
Свештеничкото братство при црковната оштина Св.вмч. Димитриј- Скопје
27 април, лето Господово 2013