логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 00.jpg 02.jpg

 


 01.jpg

12/25 април 2013 лето Господово

03.jpg

05.jpg

07.jpg

Додека во мислите ни навираат слики од вчерашното торжество, срцата ни се полнат со благодарност. Слава Ти, Боже, што нас, недостојните, нѐ обдари со таков чудесен дар! Каква радост за нашите души! Каков поток од сладост за нашите срца, кои секогаш жеднеат за Тебе и не можат никогаш да се наситат од Твојата љубов! Овој силен изблик на благодат духовно го закрепна нашиот верен народ и разгоре кај сите голема ревност за што попредано да се соживеат со Христовите страдања, и откако ќе споделат барем една нишка од Неговата болка и искупителна жртва, да станат учесници и во Неговата воскресна радост.

Зашто не бевме осамени во оваа неискажлива духовна радост. Вчера со нас празнуваше цело Скопје и целата наша татковина. Нашиот благочестив народ со љубов ја прегрна можноста да Го прослави Бога на ваков несекојдневен начин, заедно со нашата света обител и нашите соработници: Македонската филхармонија под диригентската палка на Ле Фи Фи, авторите на оркестрација Живојин Глишиќ и Владимир Димовски, Министерството за култура на Република Македонија, „Горила“ - продукција, Елена Лука - креатив, МТВ, Акцент медиа и Лазов компани. Срцата на сите присутни во преполнетата Универзална сала, како и на оние кои од своите домови го следеа директниот пренос, беа сплотени во една иста крстовоскресна радост, која чиниш го обои градот со поведри бои и насекаде ја објави пораката што нашата света Мајка - Црквата ја испраќа преку ова духовно музичко доживување. А пораката извираше од секоја стихира што низ прекрасните византиски мелодии така умешно ни беше предадена од страна на учесниците, познатиот поп-пеач Димитар Андоновски, кој со голема побожност и трогнатост од стиховите, прекрасно и со забележителна возбуда пееше на овој концерт, монахињата Касијана од манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во Рајчица, хорот на Бигорскиот манастир, водителот Владо Јовановски, читачите од Посниот Триод Горан Начевски и Ернес Ибраимоски, виртуозот на ут, Константин Сековски и бројни други гости. Порака до сите нас, дека, ете, приближи времето низ богослужбите на претстојната Страсна седмица одново да си спомнеме за Страдањата на нашиот возљубен Спасител и со благодарност да Го прославиме, не презирајќи ја Неговата жртва. Сепак најсилно одекна пораката испратена од нашата почесна гостинка од Грција, многупознатата пеачка на византиски и традиционални песни, г-ѓа Нектарија Каранѕи, чиј настап ги воодушеви сите и беше пречекан со восхит и силни аплаузи. Трогната од покажаната љубов, таа се обрати до присутните во салата и искрено се заблагодари за топлиот прием, при што посебна благодарност упати до нашиот старец, архимандритот Партениј, кој ја покани оваа прославена грчка пеачка да земе учество на концертот и се погрижи за гостољубивиот пречек во нашата земја. Ова е прв настап на почитуваната г-ѓа Каранѕи кај нас, и со оглед на нејзиниот голем авторитет во црковните кругови во Грција, но и во целото Православие, како амбасадор на византиската музика, нејзиното учество на концертот е голем чекор кон зближување на народите, како што и самата таа нагласи во своето обраќање:

„Чест ми е што сум во вашата земја. Ви благодарам на сите за вашата љубов, особено на Бигорскиот манастир ’Св. Јован Крстител‘ и метохот ’Св. Георгиј Победоносец‘ и на нивниот игумен, архимандритот Партениј. Нашите народи имаат многу повеќе сличности отколку разлики. Во Истиот Бог сите ние заедно сме браќа. Во Неговата љубов најмалку што можеме да направиме ние, православните, е да имаме љубов и братољубие помеѓу себе. Се надевам дека ова е патот што ќе го последуваме и дека ова е првиот чекор, зашто Вашата љубов ме трогна од првиот миг кога пристигнав во вашата земја“.

А дека овој концерт навистина беше голем чекор за нашите народи, доказ беше и присуството на истакнатиот професор и доктор по византиска музика и пеење на Факултетот за музички науки при универзитетот Македонија, на катедрата по византиска музика, архимандритот Нектариј Парис, кој не можеше а да не го искаже своето задоволство од високото професионално ниво на организацијата и изведбата, и многу позитивно ја оцени целокупната музичка манифестација.

17.jpg

19.jpg

Беше прекрасно да се види како овој духовен музички настан во името на Христа ги собра на едно место претставниците од сите општествени кругови, па така меѓу присутните верници, покрај архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан и повеќе членови од Светиот Архиерејски Синод на нашата Црква, беа и Претседателот на собранието на Р. Македонија, г. Трајко Велјановски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, г. Велимир Стојкоски, бројни претставници на црковното и државното началство, наши истакнати академици и професори, амбасадорот на САД, Неговата Екселенција Пол Волерс, и други членови на дипломатскиот кор во Р. Македонија, како и повеќе новинари и претставници на медиумските куќи.

Силен аплауз на присутните предизвика и спомнувањето на двата значајни јубилеи, на кои нѐ потсети годинешниов концерт: 1700 лета од објавувањето на Миланскиот едикт на светиот благоверен цар Константин Велики, со кој најпосле престана гонењето на светата Христова Црква, зашто и таа, подобно на својот Спасител и Возглавител, три века беше беспоштедно гонета и распнувана, посведочувајќи ја Вистината со крвта на своите многубројни маченици; и 1150 лета од славната богоблагословена Моравска мисија на нашите родоначалници и најсвети татковци, светите рамноапостолни и сесловенски учители и просветители, Кирил и Методиј.

 10.jpg11.jpg

 19.jpg

 20.jpg

  20.jpg

 21.jpg

Извор: Бигорски манастир

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

30/07/2024 - вторник

+Светата маченичка Марина; Преподобен Леонид Устнедумски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова вмч-ца Марина 17 јули / 30 јули 2024

Тропар на св. Христова вмч-ца Марина 17 јули / 30 јули 2024

Како Елена света која по Крстот трагаше –Крст од Небесата за тебе испратен беше,како Јона кој во китова утроба патуваше...

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. Христови маченици Кирик и Јулита 15 јули / 28 јули 2024

Тропар на св. Христови маченици Кирик и Јулита 15 јули / 28 јули 2024

Младенци постојано кон Тебе итаат Христе Боже,душа не знае за години,Кирик топла љубов посакувајќи,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная