Величествен си, Владико
Христе, во многуте чудеса кои ги направи. Зашто Ти со збор им даде светлина на
слепите, ги отвори ушите на глувите и
повикувајќи го пријателот Свој Лазар, како Бог, Ти го подигна од
мртвите.
Големо повечерие, Лазарева сабота
Поуки од светите отци: Твојот ближен згрешил против тебе и
те ожалостил. Препушти Му го тоа на Бога, а Он се ќе уреди многу подобро отколку
ти што можеш да посакаш.
Свети Јован Златоуст
Молитва:
Премини го прагот на
мојот живот, Боже и истерај го злото кое во мене се крие, очисти ме, за и јас да
воскреснам во славното Царство Твое! Амин.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 49, 6-10
Битие 31,
3-16
Соломонови Изреки 21, 3-21
Созерцание:
Да ја пазиш правдата и правосудието Му е
поугодно на Господа, отколку крвта од жртвите.
Соломонови
Изреки 21, 3
Подготви: А.Л.
Светите маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј
и останатите
триесет и шестмина со нив
Пострадаа за Христа и стекнаа венци на бесмртна слава во времето на царот Декиј. На заповед од царот намесникот на Африка му објави на сиот народ дека мора да им принесе жртви на идолите; во спротивно им се закануваа со страшно мачење на упорните. Кога ги слушнаа овие закани мнозина отпаднаа од верата и им се поклонија на идолите. Но овие четириесетмина маченици останаа непоколебливи, заради што беа изложени на мачење. Свети Теренциј ги храбреше своите другари со вакви зборови: „Да внимаваме, браќа, да не се откажеме од Христа, нашиот Бог, за и Тој да не се одрече од нас пред Својот Отец небесен и пред Светите ангели!“ Намесникот ги раздели во две групи: триесет и шестемина после биењето и стружењето и потурањето со сол врз отворените рани ги уби со меч. А првите четворица ги фрли во затвор со тешки окови на вратот, на рацете и на нозете. Но ангел Божји им се јави во затворот и со допир ги ослободи од оковите. Беа повторно изведени и мачени, па повторно фрлени во затворот. Намесникот им нареди на гатачите да соберат што поголем број влекачи, змии и скорпии и да ги затворат во иста одаја со мачениците. Но влекачите не сакаа ни да се допрат до Божјите угодници, туку се прибија во еден агол и така прележаа три дена. Кога третиот ден го отворија затворот, отровните животни јурнаа по гатачите и ги искасаа. Најпосле намесникот ја изрече смртната пресуда над четворицата маченици. Кога ги водеа на погубување тие радосно пееја псалми и Го фалеа Бога Којшто ги удостои со маченичка смрт. Чесно пострадаа и се удостоија со Небесното Царство во 250 година.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)