логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


СИНАКСАР

sv.andrej.kritski.jpg

На оние што сега Ти го пеат Големиот канон, Христе мој, дај им солзи на умиление.


Според древното предание, во овој ден го пееме Големиот канон. Овој навистина најголем од сите канони прекрасно и вешто го напиша светиот отец наш Ан-дреј, архиепископ Критски, кој се именува и Ерусалимски. Тој замина од Дамаск на својата четиринаесеттодишна воз-раст за да изучува граматика и други науки во Ерусалим, водејќи монашки живот, живеејќи преподобно и набожно во безмолвие и неметежен живот. На Божјата Црква тој и остави и многу други списи, слова и канони, полезни за духовниот живот, покажувајќи се особено надарен за торжествени состави. Покрај многуте други, тој го сочини и овој Голем канон со неизмерно умиление. Откако ја најде и ја собра сета историја на Стариот и Новиот завет, јасно од Адама, па дури до самото Христово вознесение и проп-оведта на апостолите, го сочини ова слаткопение. Со ова тој ја поучува секоја душа како ревносно и според силите да ги подражава добрите примери од библиската историја, а лошите да ги избегнува, и секогаш да прибегнува кон Бога со покајание, солзи и исповедање и со други богоу-годни дела. Впрочем, тој е толку широк и слаткогласен, што и најжестоката душа може да ја омекне и кон добра будност да ја покрене, само ако се пее со скрушено срце и подобно внимание. А го сочини во времето кога и големиот патријарх ерусалимски Софрониј го напиша житието на света Марија Египетска. И ова житие ни нуди неизмерно умиление и им носи утеха на оние што многу згрешиле и кои се уште грешат, само ако сакаат да отстапат од злото. А било определено да се пее и прочита во овој ден од след-нава причина: бидејќи се ближи крајот на Светата четири-есетница, луѓето мрзливи за духовен подвиг, да не останат небрежни и да не престанат да бидат целомудрени во се. За-тоа, Великиот Андреј, како некој учител, низ расказите на Големиот канон, кажувајќи ги добродетелите на големите луѓе, како и заблудувањата на злите, како да сакал да каже дека оние што храбро се трудат треба уште повеќе да се поттикнуваат да чекорат напред. А свештениот Софрониј, со своето надестествено слово, ги повикува на целомудрие и кон Бога ги издигнува, за да не потклекнат и да не пад-нат во очајание ако некогаш паднале во некеков грев. А житието на света Марија Египетска покажува колкаво е Божјото човекољубие и милост кон оние што со сета своја душа тежнеат да се обратат од поранешните прегрешеија. Канонот, пак, е наречен Голем, не само поради самите мисли и примери, туку и поради плодноста на неговиот творец кој сето тоа прекрасно го сложил. Додека другите канони имаат по 30, и нешто повеќе тропари, овој има 250, и секој од нив оросува со неискажлива сладост. Овој Голем канон прикладно исполнува со големо умиление, па затоа и се одреди за великата Четириесетница.
Овој извонреден и Голем канон и Словото за преподоб-на Марија Египетска ги донел во Константинопол (Цари-град) самиот Отец Андреј кога од ерусалимскиот патри-јарх Теодор бил испратен на Шестиот вселенски собор. Тогаш тој особено се истакнал храбро борејќи се против монотелитската ерес. Причислувајќи му се на монашкиот клир на Црквата во Цариград, бил поставен за ѓакон и сиропитател. Нешто подоцна станал архиепископ Критски. При едно враќање од Цариград за Крит, некаде до Ерис во Милитина, се упокоил во Господа откако беше поживеал долго на својот архиепископски престол. По неговите мо-литви, Боже, помилуј не.

 

Извор: ПОСЕН ТРИОД

- СИНАКСАР - Не спомнувај ги гревовите на умрените, ...

- СИНАКСАР - Кога ќе седнеш, Судијо на сите, да ја судиш сета земја,...

 

Издавач: МПЦ Црква Св. Петка-Мил Парк, Викторија- Австралија и Австралиско- новозеландска епархија и Преспанско- пелагоника епархија

Превод: преводот и препев од црковнословенски јазик, го направи д-р Јован Таковски

Друго:

takovski.jovan9.jpg
Интервју со протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски

 

markov.prezde2.jpg

  • СИНАКСАР - Не спомнувај ги гревовите на умрените, ...
    СИНАКСАР - Кога ќе седнеш, Судијо на сите, да ја судиш сета земја,...
    СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна
    СИНАКСАР - Недела на Православието
    СИНАКСАР - Недела на св. Григориј Палама

  • 07.04.2011
    Забелешка:Големиот Канон, оваа година се читаше во вторникот(5 април 2011)

    dobrotoljubie

    Поуки од Светите Отци

    Видео содржини

    dobrotoljubie

    Беседи

    Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

    Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

      Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

     Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

    Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

      Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

    Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

    Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

    Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

    Лекот го знаеме, а не го користиме

    Лекот го знаеме, а не го користиме

     Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

    Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

    Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

    И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

    Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

    Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

    Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

    БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

    БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

    Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

    Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

    Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

    Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

    « »

    Православен календар

     

    10/08/2024 - сабота

    Св. апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен; Св.т маченик Јулијан; Преподобен Павле Ксиропотамски; Св. маченик Евстатиј;

    Правила и одредби на Православната Црква за постот
    Православен календар за овој месец - МПЦ

    Кожувчанка

    Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

     Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

    Тропар

    Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

    Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

    Душата без Љубов животот не го поима,во таква вистина патот ти го помина,о свети мачениче Калиниче,сакајќи да го избавиш човекот...

    Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

    Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

    Вие ученици на Божјото Слово,вие носители на Духот Свети,вие јагниња на колење поведени,Прохоре, Никаноре, Тимоне и Пармене,

    Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон 27 јули / 9 август 2024

    Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон 27 јули / 9 август 2024

    Од жестокоста на лавот кон милосрдието те поведе,Оној Кој за лекар те постави,двоумењето во тебе согоре кога виде дека Животот...

    Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

    Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

    Болестите според светоотечкото учење

    Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

    Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

    Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

    Духовни поуки: „Помоли се за мене“

    Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

    Живот без стрес

    Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

    Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

    И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

    Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

    Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

    ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

    Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

    Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

     

    Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

    За Моето име

    Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

     

    „Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

    Взбранной Воеводе победительная