Скопје, 14.04.2013 год.- храм св Архангел Михаил
На 14-ти април 2013 година, во Неделата на свети Јован Лествичник, кога светата Црква молитвено го празнува споменот на света Марија Египетска и свети Мелитон, епископ Сардиски, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на Деканот на Богословскиот факултет д-р Аго Гиревски, и свештеници од Скопската епархија во храмот св. Архангел Михаил, во скопската населба Автокоманда, отслужи Божествена Литургија на св. Василиј Велики. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. По завршената Литургија се одржа Духовна академија на која дечињата низ прекрасни творби му благодареа на Бог.
Преминпортал (к.т.)
14-ти април, лето Господово 2013