Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска се сретнал со вселенскиот патријарх Вартоломеј и со претседателот на турскиот парламент, Џемил Чичек, на маргините на 16. Евроазиски економски самит во Истанбул, јави МИА.
На средбата со Вартоломеј било изразено задоволство од воспоставените односи на лично пријателство и меѓусебно разбирање и биле разменети мислења за повеќе актуелни теми од взаемен интерес, како и за планирање активности.
Како што се наведува, шефот на македонската држава му честитал на вселенскиот патријарх за неговите активности и за напорите за обезбедување поголемо единство во православната егумена и за помирување на христијанството со другите религии.
На средбата со претседателот на турскиот парламент, биле потврдени одличните пријателски односи меѓу двете земји.
Извор:http://www.plusinfo.mk/vest/88183/Ivanov-se-sretna-so-vselenskiot-patrijarh-Vartolomej