Дојдете да работиме во таинствениот виноград, одгледувајќи ги во него
плодовите на покајанието, да не се трудиме за јадење и пиење, но да стекнеме
добродетели со молитва и пост. А Господарот на виноградот, кому сме му угодиле
со својот труд, ќе даде плата со која ги искупува душите наши од долгот
гревовен, зашто само Он е богат во милоста.
Утрена, четврта недела од постот
Поуки на светите
отци: Покајанието е измирување со Господа по пат на вршење на добри
дела спротивно на претходните гревови.
Свети Јован Лествичник
Молитва:
Помогни ни, Боже, прилежно и
верно да ги бараме даровите најдобри, кои се даваат само тогаш кога се предаваме
и Ти се посветуваме Тебе, на Црквата Твоја и на службата Твоја. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 25,
1-9
Битие 9, 8-17
Соломонови Изреки 12, 8-22
Созерцание: Господи, Ти си Бог мој, ќе Те
возвеличам, ќе го восфалам името Твое, зашто си извршил чудеса.
Исаија
25, 1
Подготви:А.Л.
Светата маченичка Матрона
Како сиромашна девојка беше слугинка во куќата на еден Евреин во Солун. Жената на Евреинот постојано ѝ се потсмеваше за нејзината вера во Христа и ја наговараше да се одрече од Него, а да оди во синагогата. Но кротката Матрона ништо не ѝ одговараше на својата госпоѓа, а тајно Му се молеше на Господ Христос. Еднаш Еврејката дозна дека кришум од неа Матрона отишла в црква, па сета во гнев ја запраша зошто не отишла во синагогата туку в црква. Матрона ѝ одговори: „Затоа што во христијанската црква живее Бог, а од еврејската синагога Он отстапи“. Бесна заради овој мажествен одговор Еврејката ја натепа и ја затвори во една темна одаја, а уште и ја врза. Но утредента ја најде одврзана со Божјата сила како клечи на молитва и Го фали Бога. По ова уште на двапати Еврејката ја затвараше и ја мореше со глад додека слугинката не ја испушти душата. Тогаш нечестивата жена го зеде телото на Светата девојка и од високо од нејзината куќа го фрли на земја. Христијаните го зедоа телото и чесно го погребаа, а кога епископот Александар ги дозна многубројните чуда на Светата маченичка, на нејзиниот гроб подигна црква. Злобната Еврејка наскоро ја постигна праведна казна: од истото место на куќата од коешто го фрли долу телото на Св. Матрона, таа се лизна, падна на калдрмата и намртво се разби.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)