логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 6 февруари (МИА) -  Капиталниот проект „Македонска книжевност“ е пред конечна реализација. На  30.000 страници во 130 одделни книги ќе бидат претставени сто македонски писатели, а делови од творештвото на уште двесте автори од Македонија, вклучувајќи ги и писателите од националните заедници, ќе бидат претставени во антологиски избори. Тендерот за печатење ќе биде објавен в петок и можат да се пријават сите заинтересирани печатари и издавачи. Промоцијата на првите десетина тома се очекува на 24 Мај - Денот на словенските просветители Кирил и Методиј. За овој проект Владата од буџетот издели 24 милиони денари (околу 400.000 евра) вонредни  средства кои се надвор од Програмата за издавачката дејност во 2008 година.

Финализацијата на проектот денеска во Националната и универзитетска библиотека  „Св. Климент Охридски“ ја објави премиерот Никола Груевски, кој укажа дека целта на овој зафат, прв од ваков вид и од ваков обем кај нас, е да се прикаже  богатата и слоевита слика на високите и неоспорни книжевни вредности, а со тоа да се даде нов поттик на творештвото и да се отворат нови страници од развојот на македонската литература.

- Владата оцени дека еден ваков проект, капитален по својот обем и значење, бара поширока општествена и културна акција и поддршка. Ние тоа го направивме, свесни дека ангажирањето на интелектуалните и творечките потенцијали е важна инвестиција во настојувањата да бидеме во чекор со развиените култури во Европа и во светот. 2008 е прогласена за година на македонскиот јазик, а од страна на УНЕСКО - година на јазиците. Појавувањето на едицијата „Македонска книжевност“ во 2008-ма има и симболично и суштиско значење... Најсилен аргумент во наложувањето на сопствениот ентитет во процесот на глобализација се јазикот и литературата... Културата  е важна компонента на опстојувањето и затоа вложуваме особени напори и грижи во оваа сфера, истакна Груевски.

Едицијата ќе опфати литературно творештво од сите жанрови и од сите генерации македонски автори и од писателите на националните заедници во Македонија. Првите осум тома ќе бидат посветени на книжевното наследство од 9 век до појавата на основоположниците на современата македонска литература, проследено со  стручни толкувања на најзначајните процеси и личности. Во останатите околу 120 тома, со одделни книги и преку избори и панорами, ќе биде презентирано творештовото на современите македонски писатели и на авторите од етничките заедници објавено на јазиците  на кои пишуваат.  

Во проектот учествуваат  околу 80 познати проучувачи и толкувачи на развојните процеси на македонската литература. Меѓу нив осуммина се членови на МАНУ, 20 универзитетски професори, десет научни работници од националните институти и 40 писатели, критичари и есеисти.

Друштвото на писателите на Македонија и МАНУ ја поздравија поддршката на Владата. Според академик Георги Старделов, тоа е најзначајна културна акција преземена досега, а секретарот на ДПМ Веле Смилевски рече дека се работи за нов импулс со кој ќе се  создадат многу посуштински стандарди во издавачката дејност.

Владиниот портпарол Ивица Боцевски информираше дека проектот „Македонска книжевност“ идната година ќе биде преведен на англиски јазик, а исто така, ќе бидат објавени и антологии на македонскиот роман, расказ, поезија и драма, преведени на англиски и на уште шест светски јазици - француски, германски, руски, шпански, кинески и арапски). Во план е и објавување едиција посветена на писателите-добитиници на Нобеловата награда, како и стручна научна литература. хс/са/13:21


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

31/07/2024 - среда

Св. маченик Емилијан; Преподобен Памво; Преподобните Пајсиј и Исаија; Преподобниот Јован многустрадален;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христова подвижничка МАКРИНА 19 јули / 1 август 2024

Тропар на св.Христова подвижничка МАКРИНА 19 јули / 1 август 2024

Бог се спротивставува на горделивите,о блажена Макрино, а на смирените им дарува благодат,исцелувајќи ја душата и болестите телесни,

Тропар на св. Христов маченик Емилијан 18 јули / 31 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Емилијан 18 јули / 31 јули 2024

Емилијане свети мачениче,од роб на луѓе слуга Божји постана,од лагата во вистината Мудроста те приведе.Идолите рушејќи ги прво во себе,

Тропар на св. Христова вмч-ца Марина 17 јули / 30 јули 2024

Тропар на св. Христова вмч-ца Марина 17 јули / 30 јули 2024

Како Елена света која по Крстот трагаше –Крст од Небесата за тебе испратен беше,како Јона кој во китова утроба патуваше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная